Општина Новаци доби трактор и приколица како дел од проектот за прекугранична соработка Македонија- Грција
-Набавивме трактор Ландини серија 6-120 Ц и тракторска приколица Челмак од 5 тона за влечење и транспорт на биомаса од речните корита. Ова е само дел од потребната опрема за таа намена. Во тек е јавната набавка за набавка на хидраулична рака за сечење и чистење на вегетацијата од речните корита и каналите, а дополнително ќе се набави и балирачка и котел за парно греење специјализаран за биомаса, рече Љубе Кузманоски, градоначалник на Општина Новаци.
Прочитај повеќе
