МЗШВ го решава проблемот со откупот на сливи, се воведува нова субвенција

Сите правни лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи,  кои извршиле откуп на сливи од реколта 2018 година од домашно производство ќе добијат субвенција од 2 денари по килограм за откупени сливи. Финансиската поддршка ќе стапи на сила со објавување на одлуката во Службен весник  на РМ, и ќе важи  за откупени количини на сливи до 15 септември 2018 година, по откупна цена не пониска од 5 денари за килограм за индустриски сливи.

Share
Прочитај повеќе

Владата донесе Одлука за остварување договорен откуп на произведената пченица од род 2018

Како што соопшти владината прес-служба, со оваа програма и со новата уредба, кои се предложени заради воведување на нова подмерка – Директни плаќања за откупена пченица од род 2018 од домашно производство, се очекува остварување на договорениот откуп на произведената пченица од род 2018 година и ќе се подобри конкурентноста на домашната мелничка индустрија. 

Share
Прочитај повеќе