Се воведува линеарна субвенција и авансна исплата на субвенциите за овоштарите

Новитет е што исплатата за оваа мерка ќе се врши во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември. Да биде појасно, сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, односно кога им се најпотребни во ек на берба, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега.
Ваквиот начин на субвенции согласно европските регулативи е предвидено следната 2023 година да се воведе и за останатите мерки по површина, односно за поледелство, градинарство и лозарство.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: За прв пат имаме европска програма за финансиска поддршка во земјоделството, се кратат административни процедури, се воведува авансна исплата на субвенции

Министерот Николовски, изјави дека новата Програма е производ на  опсежни анализи на искористеноста на средствата, земајќи го предвид  развојниот ефект на субвенциите и отстранувањето на можноста за нивна злоупотреба.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски во Велес ги додели договорите за закуп на државно земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, минатиот петок во Велес ги додели договорите за закуп на државно земјиште од последните два јавни повици.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Целосна поддршка но и силен мониторинг за подрачните единици на МЗШВ

Министерот Љупчо Николовски, низ многубројните минатонеделни активности, оствари и средба со раководителите на подрачните единици на МЗШВ, со кои разговараа за нивна професионализација и ставање во целосна служба на сите граѓани што сакаат да се занимаваат со земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Продолжен периодот за ловење на диви свињи под посебни услови

Отстрелот на примероци на дивата свиња ќе може да се реализира и во периодот до 31ви март но само под посебни услови кои се дадени како услови во Решението, донесено согласно на законот. Според пропишаните посебни услови, забрането е застрелување на спрасни диви свињи и тие во поодминат стадиум на спрасност и на женски грла кои водат мали прасиња.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Откупот на тутунот се одвива непречено, досега се откупени 74% од договорното производство

-Уште во 2017 година за реколтата од 2017 го реализиравме ветувањето коешто го дадовме на тутунопроизводителите како најбројна категорија на земјоделци кои се занимаваат со оваа значајна земјоделска гранка, која обезбедува над 100 милиони евра девизен прилив во државата, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со правична распределба кај вистинските земјоделци го ставаме во функција целокупното земјоделско земјиште

-Потпишани се 900 договори, тоа е огромна бројка на склучени договори со кои ќе се стави во функција земјоделско земјиште од неколку илјади хектари низ целата држава, во различни региони. Околу 500 хектари, се овде во Прилеп, за кои се склучени 232 договори, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Село Дабјани – втора успешна консолидација на земјоделско земјиште во државата

Преку консолидацијата, се направи голем прогрес, така што од 602 стари парцели, со просечна површина по кп од 1,23 ха се намалија на 127 нови парцели, со просечна површина по кп од 5,84 ха, што е за скоро 5 пати помалку, а вкупната консолидирана површина изнесува 741,52  хектари.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски утре ќе ги додели првите договори за закуп на земјоделско земјиште

Утре, (среда) 02.02.2022 година, во Прилеп, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ќе ги додели првите договори за закуп на земјоделско земјиште.

Share
Прочитај повеќе

Николовски, Бачовски и Димковски на средба со оризопроизводителите во Кочани

-Од овде, од Кочани, порачав дека македонскиот ориз, нашето бело злато, ќе продолжиме да го стимулираме преку Програмата за директни плаќања за 2022 година, а силен фокус ќе ставиме и на инвестициите во системите за наводнување, и каналите за одводнување и наводнување, како и пречистителната станица која има можност да ја собира сламата и да ја преработува во органско ѓубре, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе