Се воведува линеарна субвенција и авансна исплата на субвенциите за овоштарите

Вести

Со годинешната Програма за за првпат се врши усогласување со политиките на Европската Унија преку воведување на пилот мерка во овоштарството за линеарна субвенција и авансна исплата на субвенциите за почеток за секторот овоштарство. Оваа мерка е по основ на европската мерка „decoupling“, која подразбира линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата.

„Новитет е што исплатата за оваа мерка ќе се врши во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември. Да биде појасно, сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, односно кога им се најпотребни во ек на берба, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега. На пример ако за еден хектар јаболков насад вкупната поддршка е 50.000 денари, 12.000 денари ќе му бидат исплатени авансно во тековната година, а остатокот од 38.000 денари ќе се исплатат до месец мај следната година како и досега. Практично, со овој модел овоштарите ќе имаат две исплати“ изјави Николовски.

Ваквиот начин на субвенции согласно европските регулативи е предвидено следната 2023 година да се воведе и за останатите мерки по површина, односно за поледелство, градинарство и лозарство.

За  успешна реализација на овие мерки ќе се измени Законот за земјоделство и рурален развој, со кој ќе се овозможи на Платежната Агенција да врши 30 отсто авансна исплата, пред завршувањето на административните контроли и контролите на терен.

Усогласувањето со заедничката земјоделска политика на ЕУ, подразбира и промена на домашната законска регулатива. Поточно, ќе се донесат три клучни закони за усогласување на националните политики со политиките за земјоделство на ЕУ, односно Закон за директните плаќања, Закон за руралниот развој, Законот за уредување на пазарите.

Николовски посочи дека за да се добие прецизна слика за ефектот од субвенциите, годинава ќе се спроведе детална анализа, со вклучување на сите стручни и професионални капацитети кои ги има државата, од која ќе се добијат податоци за креирање на понатамошните земјоделски политики и за прв пат точно ќе се знае кои култури се стратешки и дали ќе има потреба за дополнително финансирање.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *