Димковски: Измените на Законот за акцизи овозможуваат низа поволности за производителите на ракија

“Максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45%. Во првата година (2020г.) од примена на законот, производителите на ракија се ослободени од плаќање на акциза, во втората година односно 2021 година акцизата ќе биде 10 денари, третата година 20 денари и во 2023 година 30 денари. Со новото законско решение се овозможува малите производители легално да ја произведуваат и пласираат својата ракија, да развијат свој бренд од традиционалната ракија, што ќе придонесе за развој на руралниот и винскиот туризам, а за намалување на сивата економија”, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Инвестициите во водостопанската инфраструктура се врвен приоритет на МЗШВ

-Во полн ек е изградбата на современиот систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза, со којшто ќе се овозможи наводнување на 2.050 хектари во валандовскиот регион. Над 80 отсто е реализацијата на хидросистемот Равен-Речица, со кој ќе се наводнуваат нови 6.000 хектари во полошкиот регион. Во тек е проектот финансиран од Европска унија за „Мали, еколошки системи за наводнување“ во износ од 1,8 милиони евра“, потенцираше министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

“ФАДН е одличен инструмент за проценка на приходите на земјоделските стопанства и влијанието на Националната земјоделска политика во Северна Македонија. Резултатите од истражувањето ФАДН се клучни во утврдувањето на влијанието што земјоделската политика го има врз поединечните стопанства, како и за креирање на соодветни политики и мерки за развој на секторот. Во оваа насока ФАДН системот претставува  централен инструмент за следење на економскиот развој на земјоделството и земјоделските стопанства во земјите членки на Европската унија како целина“, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Заокружување на проектот за мрежа на сметководствени податоци од земјоделски стопанства

Завршен настан за проектот „Финализирање на мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства“ (ФАДН) ќе се одржи денеска во Скопје. На настанот е најавено обраќање на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Одбележување на Светскиот ден на храната, 16 октомври, 2019

Во среда, 16 октомври, 2019 година, со почеток во 10:30 часот, во ОУ “Крсте Мисирков”, Скопје (Општина Гази Баба), Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во партнерство со ОУ “Крсте Мисирков” и граѓанската организација “Слоу Фуд Водно” ќе го одбележат Светскиот ден на храната, под мотото “Нашите дејства се наша иднина! ЗДРАВА ИСХРАНА за #СветбезГлад”

Share
Прочитај повеќе

Во Шпанија нема африканска свинска чума, шпанското свинско месо е безбедно

Амбасадорот Лорензо Сера, даде цврсти гаранции дека врз основа на анализите од шпанските надлежни институции, не е утврдено присуство на вирусот африканска свинска чума во ниту една фарма во Шпанија. Овие информации се совпаѓаат и со известувањето од Светската организација за здравствена заштита на животните, во коешто се посочува дека во Шпанија не е регистрирана појава на африканска свинска чума.

Share
Прочитај повеќе

Димковски оствари средба со заменик-министерот за земјоделство на Руската Федерација, Левин :Заеднички ќе се работи на зголемување на трговската размена

Министерот Димковски, посочи дека МЗШВ ќе ја продолжи поддршката на саемите „Продекспо“ и „Мир Питание“, како и на Македонскиот дом во Москва. На состанокот Димковски и Левин се согласија за продолжување на соработката помеѓу македонската Агенција за храна и ветеринарство  и Фитосанитарните служби со Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор – Росселхознадзор, што е важно за непречена трговска размена помеѓу двете земји.

Share
Прочитај повеќе

Прва средба на ко претседателите на македонско-руската Меѓувладината Комисија за трговско- економска и научно – техничка соработка

На средбата се разговараше за повеќе теми меѓу кои и за неискористениот потенцијал во економската соработка. Димковски и Груздев, се договорија да бидат проучени можностите за реализирање на конкретни иницијативи и заеднички проекти.

Share
Прочитај повеќе

Северна Македонија е најдобриот корисник на ИПАРД во регионот, силно признание за РСМ од првиот човек на ЕК за европските фондови за земјоделство и рурален развој

-Од исклучително значење е поддршката што ја добиваме од страна на Европската Унија, особено преку ИПАРД 2 програмата. Мерките од ИПАРД 2 овозможуваат подобрување на конкурентноста на македонското земјоделство преку инвестиции во после-бербени и маркетингшки активности,  инвестиции во преработувачки капацитети и опрема, развој на нови рурални бизниси, како рурален туризам, креирање на нови работни места, подобрување на физичката инфраструктура и достапните услуги. Сето ова ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот во руралните области“, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски:На располагање се нови средства за поддршка на рибарството и аквакултурата

Сите кои имаат рибници и во период од 1- ви јули до 30 – ти септември  насадиле подмладок, односно, порибителен материјал од сопствено или признато производство, од денеска  ќе може да аплицираат за поврат на 40 % од вредноста на набавениот или на сопствениот подмладок. Средствата  за оваа мерка се обезбедени преку Програмата за рибарство и аквакултура. Краен рок за доставување на барањата за исплата на средства е 25- ти октомври 2019 – та година.

Share
Прочитај повеќе