Илиевски во посета на откупните пунктови за тутун во с. Добрушево

– 90% од производството на тутун е наменето за извоз на странските пазари и приливот на финансии е доста добар за самите производители поради што беше и причина повторно да се појавиме на откупните пунктови, рече Методија Илиевски.

Share
Прочитај повеќе

Состанок на Подсекторската група на МЗШВ за предлог Програмата за директни плаќања во земјоделството за 2019 година

Дел од новините кои се предложени од МЗШВ се однесуваат на издвојување на оризот од досегашаната категорија на растително производство како посебна култура. На овој начин се зголемува субвенцијата за ориз од сегашните 6.000 денари по хектар за безсеменски ориз на 18.000 денари, а за семенски ориз од 12.000 денари на 30.000 денари по хектар за следната 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Наша главна цел е зголемување на економските, еколошките и културните вредности на шумите

-Шумите се наше придодно богатство. Токму затоа креираме мерки за заштита, зголемување и одржливо управување со шумскиот фонд и започнуваме со сериозни реформи во шумарскиот сектор. Заштитата и зголемувањето на шумскиот фонд е важно за економскиот развој и клучна алатка во борбата против загадувањето, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Промена во цената има само на еден тип на леб, ќе се интервенира доколку дојде до пораст на цените и на останатите типови леб

Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, МЗШВ веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резери, која што по жетвата направи јавна набавка од 13.000 тони пченица. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Дополнителна субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпa

Земјоделците ќе добијат 5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа во регистрирани откупувачи. Владата ја донесе оваа одлука поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката и многу ниската откупна цена. Со оваа нова дополнителна субвенција ќе се поттикне договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година, од што бенефит ќе имаат и земјоделците. Субвенцијата се однесува за количините кои се произведени и предадени во период од 1-ви октомври до 25 декември 2018 година и кои не надминуваат 5,5 тони по хектар.

Share
Прочитај повеќе

ФАО ја зголемува поддршката за македонското земјоделство со четири нови регионални проекти во вредност од 1,5 милиони долари

Денеска МЗШВ и ФАО потпишаа четири нови проекти:
✅ за подобра контрола на штетници на растенија
✅ итно справување со Африканска свинска чума
✅ намалување на загуби и отпад од храна
✅ трајно користење на рибите преку одржлив развој

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски оствари средба со рускиот амбасадор Баздникин

-Со новиот амбасадор Сергеј Баздникин разговаравме за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, но и за останатите проекти, во делот на енергетиката, инфраструктурата, транспорт, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Објавен вториот јавен повик за интерес за купување земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии

Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост. Со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, но и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Треба да ги сочуваме старите сорти земјоделски производи

-Автохтоните сорти на семиња се одлична основа за органското и конвенционално производство, кое бара многу помала заштита од болести и штетници и дава квалитетен и поефтин производ. Старите сорти земјоделски производи се наше национално богатство кое треба да го негуваме и чуваме, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Се објави огласот за мерката „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, од европската ИПАРД 2 програма

Со овој јавен повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка.

Share
Прочитај повеќе