Овче Поле нема да остане пустина, но земјоделците ќе мора да се преориентираат

Агрономите предупредуваат дека климатските промени се чувствуваат, посебно во месец јуни, кога последните неколку години се регистрирани повисоки температури и влажност на воздухот, што се главен предуслов за појава на болести кај посевите. Тоа значи дека земјоделците ќе мора сериозно да пристапат кон промена на сеидбените планови и кои култури ќе бидат застапени.

Share
Прочитај повеќе

При крај е проценката на штетите во овчеполскиот регион

Според проценките на членовите на комисијата во овчеполскиот регион од невремето што се случи на 13 јуни, лозовите насади се уништени од 100 до 70 проценти, житните култури од 40 до 50  проценти, раноградинарските производи од 60 до 70 проценти, а исто така и тутунот. Велков забележува дека проценката на терен е во завршна фаза, по што извештајот ќе биде доставен до Владата и ќе бараат прогласување елементарна непогода во Овче Поле.

Share
Прочитај повеќе