Северна Македонија, Италија и Грција во заеднички проект за заедничка заложба за одржлива употреба на пестициди, подобар квалитет на храна, почиста животна средина и поконкурентни земјоделски производи
Денеска, во хотел Парк и Спа, Скопје се одржа свеченото отворање на твининг проектот „Подобрување на административните и на оперативните капацитети на органите за заштита на растенија” MK 19 IPA AG 01 21, чија цел е да се подобри ефикасноста на националниот систем за заштита на растенијата преку правилно спроведување на националните политики и законодавство во согласност со европското право што во превод значи подобар квалитет на земјоделско-прехрамбените производи, намалена употреба на хемиски производи и почиста животна средина.
Прочитај повеќе
