ФАО ќе и помага на Македонија за отворањето на поглавјата од областа на земјоделството
Генералниот директор Хозе Грациано да Силва изрази силно уверување дека ФАО ќе се вклучи активно и ќе ги ангажира сите свои капацитети како главен партнер на МЗШВ при отпочнување на преговорите со Европската унија и отворање на поглавјата за земјоделство, рурален развој и безбедност на храна.
Воедно, генералниот директор ја презентираше финансиската рамка за Зелениот климатски фонд чија вредност е 250 милиони евра.

