Откупната цена на пченицата до 10,5 денари за килограм

Жетвата на пченицата заврши на сите засеани 78.000 хектари површина. Просечениот принос е околу  3.500 килограми по хектар, а откупната цена се движи од девет до 10,5 денари по килограм, зависност од квалитетот, соопшти  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). 

Share
Прочитај повеќе

Владата вчера ги донесе и предложените сет мерки за пченицата

Третата мерка, како што истакна ресорниот министер, има за цел да го заштити домашното производство и од оваа жетва да се откупи што повеќе домашна македонска пченица.Поточно секој откупувач на пченица запишан во регистрарот на откупувачи кој што ќе откупи домашна пченица од реколатата 2018, најдоцна до 15 септември годинава, и за истата исплатата ќе ја изврши најдоцна до 15 декември  2018 година, ќе добие субвенција од 1 денар за килограм откупена пченица.

Share
Прочитај повеќе

Владата донесе Одлука за остварување договорен откуп на произведената пченица од род 2018

Како што соопшти владината прес-служба, со оваа програма и со новата уредба, кои се предложени заради воведување на нова подмерка – Директни плаќања за откупена пченица од род 2018 од домашно производство, се очекува остварување на договорениот откуп на произведената пченица од род 2018 година и ќе се подобри конкурентноста на домашната мелничка индустрија. 

Share
Прочитај повеќе

Асоцијацијата на земјоделци се согласува со МЗШВ за производствената цена на пченицата од 9,14 денари

Асоцијацијата на земјоделци се согласува со пресметките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дека производствената цена на пченицата изнесува 9,14 денари. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека годинава се намалени приносите на лебното зрно, поради врнежите од дожд и невремто проследено со град.

Share
Прочитај повеќе

Детално за четирите мерки за поддршка на пченицата и другите полјоделски култури

Ако досега 100 отсто од субвенцијата добивале оние кои пријавиле од 0,3 до 10 хектари, сега за оваа категорија на земјоделци ќе се исплаќа 100 отсто од субвенцијата за пријавени површини до 20 хектари. 

Share
Прочитај повеќе

Јавниот оглас за набавка на 13.000 тони домашна пченица за стокови резерви ќе трае до 15-ти август

Со огласот е предвидено откуп на вкупно 13.000 тони домашна пченица. Конкретно распишани се 10 лота по 100 тони и 3 лота по 4.000 тони пченица. По завршувањето јавниот оглас, мелничарите ќе можат да ја понудат откупената пченица од домашните производители на Агенцијата за стокови резерви.

Share
Прочитај повеќе

Почна постапката за објавување јавен оглас за откуп на 12.000 тони домашна пченица

На овој начин, според МЗШВ, ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица која потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стоковни резерви, а воедно ќе се влијае и на постигнување солидна откупна цена на домашното жито. 
Прв пат ќе се пуштат и помали лотови на кои ќе можат да конкурираат и земјоделците.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците бараат 12 денари откупна цена за пченицата

Шаклев додава дека се свесни дека и мелничарите се соочуваат со проблеми при работењето и затоа излезното решение го гледа во субвенционирање на разликата во цената од страна на Владата, кое барање ќе биде доставено на првата средба со надлежните.

Share
Прочитај повеќе

Неизвесен откупот на македонската пченица

Во моментов килограм македонска пченица, што е заостаната од лани се продава по 11 денари, а српско брашно со сите  извозни трошоци веќе може да се купи на пазарот по цена од околу 13 денари.
Годинава се очекува да има добар род од скоро 160.000 тони пченица, што ќе направи многу поголем притисок околу нејзината продажба и откупот.

Share
Прочитај повеќе

Мелничарите се заканија дека нема да откупуваат пченица

Домашните мелничари бараат решение на проблемите со брашното. Велат, нема да ја откупат пченицата од годинашната жетва која што се очекува да тежи 160.000 тони, доколку контролата на брашното што се увезува од Србија не почне да се врши во земјава.

Share
Прочитај повеќе