Производителите очекуваат високи приноси пченица

– Ова е една од подобрите години за житарките, барем до овој момент. Јачменот и пченицата се во одлична фаза, а болести нема. Има предуслови дури и за рекордни приноси, особено ако околу почетокот на мај заврне дожд, 10 до 15 литри по единица површина. Ова се однесува на локалитетите во кои се применуваат агротехнички мерки, каде прихраната е завршена и се спроведени заштитата од болести и хербицирањето, вели Огнен Оровчанец.

Share
Прочитај повеќе