Штипските пчелари и оваа година имаат помали приноси на медот

– Приносот на мед е од седум до осум килограми во просек од пчелно семејство во ниските делови. Во споредба со лани имаме некое подобрување, но не е како поранешните години, кои беа многу добри. Имавме и просек, односно не беа под 20 или 30 килограми од пчелно семејство, рече Толев.

Share
Прочитај повеќе

Косово целосно ги укина зголемените царини за македонските земјоделски производи

Одлуката стапува на сила од денес, и со оваа одлука целосно престанува да важи зголемената царина од 30 насто, мерка што Приштина ја донесе на 18- ти месецов. Домашните земјоделски производи без застој повторно ќе се извезуваат на косовскиот пазар.

Share
Прочитај повеќе

Бектеши попладнево ќе соопшти дали Приштина ги зема предвид македонските аргументи за царината

По денешната седница на косовската Влада, закажана за 14 часот, Министерот за економија Крешник Бектеши час подоцна, во Скопје на прес-конференција ќе соопшти соопшти дали косовската Влада ги земала предвид аргументите на македонската Влада, презентирани од него на петочниот состанок во Пришитна.

Share
Прочитај повеќе

Преспанскиот регион на удар од климатските промени

Промената на климата и температурните разлики се најизразени во Преспанскиот регион. Тоа го покажуваат и временските непогоди, обилни врнежи од дожд и град и екстремно високи или ниски температури што последните години го зафаќаат овој дел од државата. Колку тоа влијае врз земјоделството, односно врз овоштарството покажуваат проценките на стручните комисии, но и на самите производители.

Share
Прочитај повеќе

Косово пред одлука – дали целосно да ги повлече зголемените царини

Македонските власти очекуваат позитивен исход од денешната владина седница на Косово и целосно повлекување на одлуката. Во петокот, минисерот за економија Крешник Бектеши имаше средба со косовскиот колега Бајрам Хасани на која конкретен договор околу одлуката не беше постигнат.

Share
Прочитај повеќе

ЕК бара Косово да ја укине мерката за зголемување на царината

“Жалиме што заштитните мерки остануваат на сила за другите земји, вклучително регионалните партнери од ЦЕФТА. Ова е загрижувачки и штетно за регионалната економска соработка. Затоа ЕК итно го повикува Косово да се однесува конструктивно за да ја реши ситуацијата без одлагање, особено со оглед на тоа дека Косово моментално претседава со ЦЕФТА”, се наведува во реакцијата на ЕК.

Share
Прочитај повеќе

Прилеп ќе пренамени пари за 1.000 земјоделци со уништен род од невреме

Откако ќе биде извршена процената на штетата, Советот на Општина Прилеп ќе донесе одлука за обештетување со средства од општинскиот буџет. Ова е прва одлука со која советот на Прилеп им излегува пресрет на граѓаните и им доделува средства за ваква намена, рече Талевски.

Share
Прочитај повеќе

Помали акцизи за малите произведувачи на алкохол

Според Предлогот, малите дестилерии ќе плаќаат 50 проценти од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците –  мали производители 8,5 проценти од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол, акцизата останува иста.

Share
Прочитај повеќе

Методологија помага да се процени цената на справување со болестa Јазлеста кожа кај говедата

“Постојат различни пристапи и алатки за да се реагира на болеста”, вели специјалистот на ФАО за здравје на животните Даниел Белтран-Алкрудо, ко-автор на студијата. “Секоја земја може да избере различна комбинација од нив, како што можеме да видиме од случаите презентирани во студијата. Таквите одлуки стануваат поосновани ако се пресметаат трошоците за преземање или пак непреземање на одредени активности “.

Share
Прочитај повеќе

Овче Поле нема да остане пустина, но земјоделците ќе мора да се преориентираат

Агрономите предупредуваат дека климатските промени се чувствуваат, посебно во месец јуни, кога последните неколку години се регистрирани повисоки температури и влажност на воздухот, што се главен предуслов за појава на болести кај посевите. Тоа значи дека земјоделците ќе мора сериозно да пристапат кон промена на сеидбените планови и кои култури ќе бидат застапени.

Share
Прочитај повеќе