Спречен увоз на свинско месо, заразено со вирус на африканска свинска чума

-Станува збор за пратка со 21.312 тони замрзнато свинско месо, по потекло од Шпанија, земја во која нема пријавено присуство на болеста африканска свинска чума. Во земјава месото е увезено преку граничниот премин Деве Баир, од соседна Бугарија, од регион во кој исто  така не е потврдено присуството на болеста. Целокупното количество месо не е пуштено во промет и се наоѓа во магацините на увозникот. Согласно безбедносните протоколи на Агенцијата за храна и ветеринарство, во текот на денов, месото ќе биде нештетно уништено на депонијата Дрисла, – изјави Атанасов.

Share
Прочитај повеќе