МЗШВ: За непречен извоз на земјоделски производи, Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци ќе работи во две смени

Од денес 04.09.2019, Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци ќе започне со работа во две смени. Државниот инспекторат за земјоделство, којшто е орган во состав на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, ја донесе оваа одлука како одговор на барањата на бизнис заедницата за овозможување на брз и непречен извоз на земјоделски производи, што во овој период е особено важна за извозот на грозјето.

Share
Прочитај повеќе