Во Чешка се забранува фрлањето храна

Трговските ланци во Чешка повеќе не ќе можат да ги фрлаат намрниците на кои им истекува рокот на траење, што сега веќе се забранува со закон. Смрзнатите производи, овошјето и зеленчукот, како и други употребливи намирници, ќе се донираат во банката за храна и во хуманитарни организации, каде понатаму ќе се проследуваат до најсиромашните слоеви граѓани. Според Вера Дусова, од Прашката банка за храна, со донесувањето на овој закон, оваа организација ќе добива многу поголема количина но и многу поразновидна храна. Но, сепак, овој закон создава и дополнителни обврски, бидејќи храната мора да помине низ дополнителни проверки во поглед на квалитетот и исправноста, пред дефинитивно да заврши како помош за оние на кои им е потребна.

Share
Прочитај повеќе

Диско супа – за подигање на свеста против фрлањето храна

– Како од храната која би завршила во корпите за отпадоци да се подготви вкусна супа, ќе можат да видат утре посетителите на настанот што го организираат Слоу фуд Млади – Македонија и „Ретвитни Oброк“ под мотото „Да си ги наполниме стомаците, наместо кантите!“.

Share
Прочитај повеќе