Асоцијацијата на земјоделци се согласува со МЗШВ за производствената цена на пченицата од 9,14 денари

Асоцијацијата на земјоделци се согласува со пресметките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дека производствената цена на пченицата изнесува 9,14 денари. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека годинава се намалени приносите на лебното зрно, поради врнежите од дожд и невремто проследено со град.

Share
Прочитај повеќе

Во 2017 година постигната највисока откупна цена на винското грозје од 13,67 денари за килограм

Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 20 отсто се  повисоки субвенциите за одржување на лозови насади за они кои имаат од 1 до 10 хектари, односно за лозарите со развоен потенцијал, или  наместо 44.000 ќе добијат 48.000 денари по хектар.

Share
Прочитај повеќе

Променливи откупни цени на градинарските култури во Струмичко

– Покрај доматите, добра цена има и зелената пиперка од сортата „куртовска капија“, која се откупува 25 денари за килограм. Цената на краставиците се движи од 15 до 20 денари, а зелката се откупува од осум до 10 денари за килограм, вели Благој Витанов, откупувач од Струмица.
 

Share
Прочитај повеќе

Лозарите бараат 15 денари за „вранец” и 13 денари за „смедеревка”,

– Имавме неколку средби со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на оваа тема, кои пак, околу откупот на грозје имаат разговарано и со винарите, кои се уште тактизираат. Очекуваме заедничка средба со претставници на винарските визби со медијаторство на Министерството, за да преговараме околу годинешните цени на винско грозје, рече Кулев.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, МЗШВ ја следи состојбата

Тимови од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се постојано на терен и го следат откупот на лубеници, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Министерот Николовски посочи дека дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, и доколку се процени дека има потреба, Владата ќе преземе соодветни мерки, како што беше случајот со доматите.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ договара вишокот домати да го откупат домашните преработувачи

Почетната откупна цена на доматите беше 25 до 30 денари за килограм, а сега е 10 до 15 денари за килограм. Со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците, МЗШВ веќе е во комуникација и договара, вишокот на домати да го откупат домашните преработувачките капацитети, наведува Министерството.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците бараат 12 денари откупна цена за пченицата

Шаклев додава дека се свесни дека и мелничарите се соочуваат со проблеми при работењето и затоа излезното решение го гледа во субвенционирање на разликата во цената од страна на Владата, кое барање ќе биде доставено на првата средба со надлежните.

Share
Прочитај повеќе

Стабилен откупот на раноградинарските производи во струмичко

Во моментов цената на доматите во зависност од сортата се движи од 30 до 50 денари за килограм, зелката е 25 , благата пиперка од 40 до 45, додека лутите пиперки се откупуваат од 80 до 90 денари за килограм или од 2 до 2,5 денари по парче.

Share
Прочитај повеќе

Во тек е расадувањето на тутунот од новата реколта, тутунарите бараат повисоки цени за 20 отсто

– Откупувачите начелно прифаќаат зголемување на цената за 20 отсто и дека ќе се регулира со анекс договори. Затоа се уште не се склучени договорите. Со оглед на тоа дека Владата ги зголеми субвенциите, тогаш цените треба да ги зголемат и откупувачите на кои им е потребен ориенталниот ароматичен тутун од Македонија, потенцира Данчо Милески.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Се прават максимални напори за извоз на зелка

Интензивно течат преговорите со Русија и Украина за извоз на македонска зелка, а вчера се информирани сите останати дипломатски претставништва на Македонија околу проблемот со пласманот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе