Симулациска вежба во рамки на проектот “Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување”

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, утре и задутре во Берово, во рамки на проектот “Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување”, ќе одржи симулациска (практична) вежба за тестирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест која не е присутна во земјава.

Share
Прочитај повеќе

Реакција на АХВ: Болеста африканска свинска чума ја нема во Македонија

Одговори за тоа до каде е истрагата за пратката со шпанското месо, по нејзиното завршување ќе ја даде Европската унија, а Агенцијата за храна и ветеринарство како и досега навремено и транспарентно ќе информира за тоа. “Неодговорниот” однос во пристапот со африканската свинска чума, како што тврди Трипуновски, за среќа, во Република Северна Македонија досега дава позитивни резултати, односно, болеста ја немаме во државава, иако, како што вели и тој, таа беснее во регионот.

Share
Прочитај повеќе

Нов теренски прирачник на ФАО за Aфриканска свинска чума

Целта на овој прирачник е на ветеринарните техничари и лабораториските дијагностичари да им ги обезбеди потребите информации за брзо дијагностицирање и реагирање при епидемија или случај на Африканска свинска чума. Одгледувачите на свињи, ловците и шумските чувари исто така ќе имаат полза од прирачникот.

Share
Прочитај повеќе

Експерти ги здружуваат силите за превенција од африканска свинска чума на Балканот

ФАО спроведува итен проект насловен “Итна подготвеност против африканска свинска чума на Балканот”, со денешната работилница како прв чекор во дефинирањето на стратегии за превенција и контрола на болеста во регионот и идентификација на проблематичните прашања на граничната контрола, јавната свест, биосигурноста итн.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Во Македонија нема „африканска свинска чума“

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го демантира известувањето пратено до собирачите на други шумски производи испратено од „Македонски шуми“ ПСШ Демир Капија во кое се тврди дека во Република Македонија е потврдена појавата на опасната заразна болест „африканска свинска чума“ кај диви свињи.

Share
Прочитај повеќе

Нема „чума“ кај овците и козите во Македонија

Кај овците и козите во Македонија не е евидентирана болеста „чума“ што беше потврдена на 22 јуни во Бугарија. На терен се спроведува мониторинг и ако се забележат какви било симптоми, ќе се реагира соодветно, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

Воведена забрана за увоз на овци, кози и нивно млеко и месо од Бугарија

Со цел спречување на внесување, навремено забележување и пријавување на болеста „чума“ кај овци и кози која од 22 јуни годинава е потврдена и во соседна Бугарија, а е присутна и во Турција, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение за забрана за увоз и транзит од Бугарија на живи домашни и диви мали преживари, нивно семе, јајце клетки и емброни, месо, производи и преработки од месо, млеко и производи од млеко, како и нуспроизводи.

Share
Прочитај повеќе