Николовски: Долгот кон лозарите мора да биде исплатен во најкус можен рок

-Кон „Повардарие“ нашата порака е јасна,  долгот целосно мора да биде исплатен во најкус можен рок. Во случајот со винарската визба  „Стефани“,во тек е процес на отворена стечајна постапка, и затоа разговаравме и со стечајниот управник,  со директори на банки и адвокати. Паралелно МЗШВ ги разгледува сите можности од правен аспект како и на кој начин државата може да помогне и да интервенира да овие две прашања бидат затворени. Јас ќе бидам среќен „Повардарие“ и „Стефани“ никогаш да не се повторат и затоа заеднички ќе иницираме и соодветни законски измени за да лозарите бидат заштитени. За мене е неприфатливо да се предаде грозје кое што нема да се плати истото да се стави во залог, а имаме такви случаи да грозјето кое е откупено е продадено а лозарите не добиле пари“,порача министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Наскоро обесштетување од непогодите во 2016 и 2015 година, укината е спорната уредба

– За 2017 година сумата што треба да се исплати е околу четири милиони евра. Според Платежната агенција, делот во Ресенско е целосно исплатен. Останатите штети се исплаќаат, но колку точно од четирите милиони се исплатени во моментов не можам да кажам. За земјоделските површини не е направено ништо во 2016 година. Постапката е заглавена поради фамозната уредба која го кочи целиот процес, рече Димковски.

Share
Прочитај повеќе