СДСМ:Странски инвестиции во ТИРЗ кои носат нови работни места и повисоки плати

Вести

Мерките и политиките што ги презема Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, даваат позитивни економски резултати.

Бележиме сериозно зголемување на економската активност во Технолошко индустриските зони.

Според официјалните податоци, за период од една година бројот на работни места во ТИРЗ-овите е зголемен за осум отсто.

Забележен е раст од 56 отсто на извозот во ТИРЗ во првите седум месеци, односно тој достигна над 1 милијарда евра.

Само годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра кои во наредниот период треба да донесат 1.970 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а само овие компании во државата меѓу другото треба да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка.

Меѓу последните инвестиции е онаа од страна на компанијата „Алмак-Дура Екстружн” во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје 2 во вредност од 30 милиони евра.

Сето ова влијае на отворање нови добро платени работни места кои позитивно влијаат врз растот на просечната плата, но и на намалување на стапката на невработеност.

Просечната плата во јуни годинава изнесува 28.724 денари, што е за 7 отсто, односно за над 1.800 денари повеќе во однос на јуни минатата година.

Стапката на невработеност е на историски најниско ниво со тенденција дополнително да се намалува.

Ова се само дел од позитивните економски параметри кои ја потврдуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ.

Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на градење стабилна, развојна и динамична економија која носи шанса за сите.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *