Со поврзување на земјоделците и откупувачите до сигурен откуп и стабилни цени

Преку овој проект Министерството ќе го поддржи и финансира приватниот сектор односно оние кои ќе сакаат да подигнат преработувачки капацитети во делот на решавањето на проблемот со јаболката, или ќе сакаат да направат сушара за сливи или други капацитети кои ќе бидат оценети како приоритетни. Инаку, во Програмата за рурален развој во 2019 година МЗШВ издвои 4 милиони евра кои ќе бидат насочени кон преработувачката индустрија односно на проектите кои се однесуваат на пласманот и на решавање на вишокот со земјоделски производи.

Share
Прочитај повеќе

Владата одлучи, ќе се укине издавањето на евидентни листови за тутунопроизводителите

Со донесување на предлог законот ќе се подобри и поедностави постапката за пријавување на производството на тутун со тоа што ќе се укине издавањето на евидентниот лист и тутунопроизводителите прво ќе склучуваат договори за производството и откуп на тутун, а откупувачот на тутун ќе има обврска да го внесе договорот во електронскиот систем за евиденција на тутун и внесените податоци да ги достави до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ и Слоу фуд Македонија ја официјализираат соработката

Меморандумот предвидува соработка во повеќе области, а меѓу приоритетните е користењето заштитени ознаки за квалитет. По овој повод, Слоу Фуд Македонија на МЗШВ ќе му ја достави Листата со традиционални производи во Република Македонија, на која работеше изминатиот период.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Не се покриваат долгови на винарии, туку им се помага на лозарите

– Преку постојното законско решение државата го побарува износот којшто овие винарии или откупувачи треба да го платат кон лозарите и преку финансиски инструменти на Управата за јавни приходи и Платежната агенција, овие пари ќе се вратат во Буџетот. Лозарите долго чекаа на решавање на овој проблем и сметаме дека е одговорно што побргу да ги добијат своите пари, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: 7,7 милиони евра инвестиции преку ИПАРД 2 за развој на руралните средини

„Сите овие типови на инвестиции се наменети за руралните средини односно селата и тука спаѓаат инвестиции во мали преработувачки капацитети, во рурален туризам, производство на сточна храна и ѓубриво, отворање на градинки, старечки домови, кина во селата, капацитети за сместување и друго. Поточно со еден збор, оваа мерка е важна за поттикнување на агробизнисти во руралните средини кои ја поттикнуваат економската активност, а истовремено ќе ги подобрат условите за живот во руралните средини“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Проекти за туризам, пчеларство и земјоделство ќе се реализираат преку ReLoad програмата во Ресен

Пчеларство – еколошки бизнис за младите“, „Туристички саем во Преспа“, „Општествена интеракција и економско зајакнување на младите“ и „Рурален туризам – можност за одржлив развој на локалната заедница“ се четирите проекти што наредните шест до осум месеци ќе се реализираат во општина Ресен.

Share
Прочитај повеќе

Претставници на МЗШВ одржаа состанок со Независниот синдикат на Шумската полиција

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ги примија на состанок членовите на Независниот синдикат на Шумската полиција. МЗШВ изминатиот период одржаа неколку состаноци со Независниот синдикат на Шумската полиција, на кои што заеднички се усогласуваше текстот на Колективниот договор.

Share
Прочитај повеќе

Собранието ги поддржа законските измени за помош на лозарите

Собранието на денешната седница по скратена постапка ги поддржа дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој кои предвидуваат финансиска помош за земјоделците, што од 2014 година до денес ги продале своите производи, но за нив од откупувачите се уште не добиле пари.

Share
Прочитај повеќе

Анѓушев: Владата ќе ги обесштети лозарите, не го покрива долгот на винариите

-Не постои друг начин освен државата да им помогне преку Програмата за субвенционирање на земјоделските производи зашто ако не го направи тоа лозарите од Тиквешкиот регион, кои останале оштетени од овие постапки, не ќе можат да ги продолжат своите активности, односно не ќе можат наново да засадат површини или да ги одржуваат веќе засадените. На тој начин ќе го нарушиме целиот процес на нивно производство, бидејќи повеќе години не успеале да ги земат своите средства – потенцира Анѓушев.

Share
Прочитај повеќе

Кузманоски: Будно се следи состојбата со нивото на реката Црна

-Со самото чистење на реката Црна после поплавите во 2015, сметаме дека нема да дојде до таква работа. Исто така и каналите во Општина Новаци од страна на водостопанското претпријатие „Битолско поле“ цела година се чистеа, и десетти канал и каналот кон Рибарци и кон Живојно. Доколку температурите се покачат и продолжат дождовите нормално дека се очекува и нивното на Црна да се покачи, но има простор од околу 270 сантиметри висинска разлика што сметам дека е доволно да не дојде до поплави, истакна Љубе Кузмановски, Градоначалник на Новаци.

Share
Прочитај повеќе