Николовски: Да се расчистат евентуалните малверзации околу Сојузот на тутунските здруженија

-Институциите да ги расчистат сите нејаснотии, неправилности и можни малверзации околу Сојузот на тутунските здруженија за да нема ниту една дамка во тутунопроизводството кое државата го поддржува и го стимулира, од кое егзистираат 30 000 семејства и од кое годишно се остварува значаен девизен прилив, порача вчера од Прилеп министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Воведуваме мерки за поддршка во земјоделството, со кои ги задржуваме младите во земјава

-Верувам дека како што покажавме оваа година и ги убедивме сите дека може во делот на оваа искористеност на фондови од последни да станеме први, од последен сектор да станеме прв за кој се зборува, верувам дека со сите мерки, со сите политики, со сите храбри одлуки кои ги носиме во овој сектор, навистина земјоделството и аграрот за младите луѓе ќе бидат тренд, задоволство и се повеќе ќе ги мотивираме да се вклучат, да работат. А ние сме тука да ги обезбедиме сите мерки, да носиме нови политики, да ги враќаме парите назад кон граѓаните, да отвараме нови фондови, нови перспективи, да се грижиме за пласманот на земјоделските производи, а верувам и за многу инвестиции што во овој сектор во следниот период ќе следат, нагласи Николовски.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: На македонскиот пазар нема турски мандарини полни со пестициди

Пратки со посоченото овошје од Турција во земјава лабараториски се тестирани во месец декември лани, а во фаза на лабараториско тестирање се и мострите  кои инспекторите за храна на агецнијата ги земаат овој месец. Во испитаните мостри во декември не се утврдени отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за цитрусно овошје.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски оствари средба со одгледувачите на говеда во Прилеп

Николовски нагласи и дека со новата Програма за директни плаќања, и годинава одгледувачите на говеда со развоен потеницијал ќе добијат за 10 отсто повисоки субвенции. Зголемената субвенција ќе важи за сточарите кои имаат од 10 до 50 грла говеда, а не како лани од 5 до 20 грла.
Во оваа категорија спаѓаат 24% од вкупниот број на одгледувачи на говеда и 42 отсто од добиточниот фонд.

Share
Прочитај повеќе