Реакција на АХВ: Болеста африканска свинска чума ја нема во Македонија

Одговори за тоа до каде е истрагата за пратката со шпанското месо, по нејзиното завршување ќе ја даде Европската унија, а Агенцијата за храна и ветеринарство како и досега навремено и транспарентно ќе информира за тоа. “Неодговорниот” однос во пристапот со африканската свинска чума, како што тврди Трипуновски, за среќа, во Република Северна Македонија досега дава позитивни резултати, односно, болеста ја немаме во државава, иако, како што вели и тој, таа беснее во регионот.

Share
Прочитај повеќе

Започна аплицирањето за субвенции за трета фаза млеко и за заклани и предадени несилки во преработувачки капацитети

Барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски  најдоцна до  5- ти ноември 2019 година. Висината на поддршката за произведено и предадено овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.

Share
Прочитај повеќе

ФАО помага за зајакнување на капацитетите за превенција, детекција и подготвеност во случај на Африканска свинска чума во Северна Македонија

Дел од обуките беа насочени кон одгледувачите на свињи и беа наменети за подобрување на општите аспекти на биосигурноста во врска со болеста, вклучувајќи ги и биосигурносните листи за проверка за фармите и мерките за превенција за спречување на влез на болеста во фармите.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Измените на Законот за акцизи овозможуваат низа поволности за производителите на ракија

“Максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45%. Во првата година (2020г.) од примена на законот, производителите на ракија се ослободени од плаќање на акциза, во втората година односно 2021 година акцизата ќе биде 10 денари, третата година 20 денари и во 2023 година 30 денари. Со новото законско решение се овозможува малите производители легално да ја произведуваат и пласираат својата ракија, да развијат свој бренд од традиционалната ракија, што ќе придонесе за развој на руралниот и винскиот туризам, а за намалување на сивата економија”, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Инвестициите во водостопанската инфраструктура се врвен приоритет на МЗШВ

-Во полн ек е изградбата на современиот систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза, со којшто ќе се овозможи наводнување на 2.050 хектари во валандовскиот регион. Над 80 отсто е реализацијата на хидросистемот Равен-Речица, со кој ќе се наводнуваат нови 6.000 хектари во полошкиот регион. Во тек е проектот финансиран од Европска унија за „Мали, еколошки системи за наводнување“ во износ од 1,8 милиони евра“, потенцираше министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе