Северна Македонија е најдобриот корисник на ИПАРД во регионот, силно признание за РСМ од првиот човек на ЕК за европските фондови за земјоделство и рурален развој
-Од исклучително значење е поддршката што ја добиваме од страна на Европската Унија, особено преку ИПАРД 2 програмата. Мерките од ИПАРД 2 овозможуваат подобрување на конкурентноста на македонското земјоделство преку инвестиции во после-бербени и маркетингшки активности, инвестиции во преработувачки капацитети и опрема, развој на нови рурални бизниси, како рурален туризам, креирање на нови работни места, подобрување на физичката инфраструктура и достапните услуги. Сето ова ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот во руралните области“, изјави министерот Димковски.
Прочитај повеќе
