Министерот Серафимовски потврди: Ребалансот се донесе, пари има обезбедено, следува исплата на субвенциите

Деновиве ќе се види која исплата најмногу доцни за тие земјоделци да имаат приоритет. Во секој случај, август месец ќе биде во знакот на земјоделските субвенции, потенцираше Серафимовски.

Share
Прочитај повеќе

Обезбедени 793,4 милиони денари за поддршка на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата „вранец“

Одлуката е донесена пред почетокот на главниот откупен период, кога на откупувачите им се потребни средства за преземање на земјоделските производи, додека приходите од нивната продажба или преработка се остваруваат подоцна. На овој начин се создава финансиска основа откупот да се одвива навремено, а предадениот род да биде исплатен во утврдениот рок.
Вкупниот расположлив износ изнесува 793.481.723 денари.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини

Поддршка доби и нашето Здружение за земјоделци „Современо земјоделство“ од Битола, за темата „Рурална жена – силата на Пелагонија“.
Средствата се доделени по спроведен јавен повик, на кој пристигнаа 26 предлози. По завршувањето на административната проверка и постапката за избор, седум од предложените манифестации ги исполнија утврдените услови за добивање техничка поддршка.

Share
Прочитај повеќе

Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува, наскоро состанок со откупувачите и земјоделците за цената и складирањето

Серафимовски истакна дека со ребалансот на буџетот и по неговото усвојување ќе бидат исплатени околу една милијарда и 200 милиони денари за субвенции во кои се опфатени и житните култури. 

Share
Прочитај повеќе

Водич за директни плаќања – субвенции 2026 година

Во случај кога не го исполнувате условот за минимум површина за поледелски, лозови, овошни и градинарски култури а имате одобрено барање во 2025 година со помали површини, за истиот минимум површина и за истите намени ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6

Share
Прочитај повеќе