
Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства
Директни плаќања по површина
| Мерка | Основни услови | Минимум површина | Обврски | Висина |
| 1.1 Поледелски култури | Засеани и ожнеани култури | 0,7 ха (0,2 ха тутун) | Сертифицирано семе за дел од културите, Продажба/складирање за дел од културите | 6.000–18.000 ден/ха |
| 1.2 Лозја и овоштарници | Одржувани насади | 0,5 ха лозја
0,5 ха овоштарници |
Продажба за дел од видовите | 12.000–42.000 ден/ха |
| 1.3 Градинарски култури | Засеани и обрани | 0,3 ха | Продажба за сите видови | 12.000–30.000 ден/ха |
| 1.4 Контролирани услови | Производство во оранжерии | 0,3 ха | Продажба до 15 мај | 120.000 ден/ха |
| 1.5 Угар/зелено ѓубре | Угар/зелено ѓубрење | 25% од 1.1 и 1.3 | Агротехнички мерки | 3.000 ден/ха |
| 1.6 Ливади | Косење | 1 ха | Соодветен број грла | 6.000 ден/ха |
ВАЖНО!!!
Во случај кога не го исполнувате условот за минимум површина за поледелски, лозови, овошни и градинарски култури а имате одобрено барање во 2025 година со помали површини, за истиот минимум површина и за истите намени ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6
Директни плаќања по број на грла на добиток
| Мерка | Основни услови | Минимум грла | Обврски | Висина |
| 1.7 Говеда | Женски,
18–180 месеци |
3 | Чување до 30 ноември
Продадено млеко или колење |
8.000 ден/грло |
| 1.8 Говеда 6–18 месеци | Женски
6–18 месеци |
/ | Чување до 30 ноември
|
3.000 ден/грло |
| 1.9 Овци | Женски и машки
Мин.12 месеци |
30 | Чување до 30 ноември
Продадено млеко најмалку 500 литри или заклано јагниња мин.30% |
3.000 ден/грло |
| 1.10 Кози | Женски и машки
Мин.12 месеци |
30 | Чување до 30 ноември
|
3.000 ден/грло |
| 1.11 Маторици | Женски приплодни грла | 10 | Чување до 30 ноември
|
4.000 ден/грло |
| 1.12 Пчелни семејства | Регистрирани презимени | 30 | Одржување на бројот до 30 септември | 600 ден/семејство
+ 200 со посебни услови |
ВАЖНО!!!
Во случај кога не го исполнувате условот за минимум грла за говеда, кози, маторици и пчелни семејства а имате одобрено барање во 2025 година со помал број на грла, за истиот минимум број ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6
Мерки за дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства
| Мерка | Корисник | Услов | Висина |
| 2.1 Подрачја со ограничувања | Сите | Површини или одгледувалиште над 700 м или
Одгледувалиште во населено место со жители до 100 |
+15% |
| 2.2 Категории носители на земјоделски стопанства | Млад или
Регистриран |
Запишани промени во ЕРЗС | +10% /
+20% / +30% |
| 2.3 Зголемен добиток | Сточари | До +30% раст | +30% |
| 2.4 Пчелни матици | Пчелари | Регистрирани | 2.000 ден |
| 2.5 Анализа на мед | Пчелари | 30 презимени пчелни семејства | 50% од трошокот |
Мерки за директни плаќања по единица производ во растителното и сточарското производство
| Мерка | Услов | Висина |
| 3.1 Тутун | Договорен и продаден | 60–80 ден/кг |
| 3.2 Овошје и зеленчук | Предадено | 3–5 ден/кг |
| 3.3 Семе (житни) | Произведено,сертифицирано, продадено | 4–20 ден/кг |
| 3.4 Семе (тутун) | Произведено и сертифицирано | 1.000 ден/кг |
| 3.5 Млеко | Произведено и продадено | 6–7 ден/л |
| 3.6 Говеда | Одгледани и заклани | 4.500–6.000 ден/грло |
| 3.7 Гоеници | Одгледани и заклани мин.20 | 1.000 ден/грло |
| 3.8 Бројлери | Одгледани и заклани | 80 ден |
| 3.9 Несилки | Одгледани и заклани | 120 ден |
| 3.10 Пилиња | Одгледани и продадени | 10 ден |
ВАЖНО!!!
За мерките за произведен и продаден тутун, овошје, зеленчук и млеко, како и за заклани говеда, реализацијата е врз основа на доставени податоци од откупувачите. За овие мерки земјоделските стопанства не поднесуваат барања
Мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи
| Мерка | Услов | Висина |
| 4.1 Набавени садници | Купени и засадени овошни и лозови садници | 35–40 ден |
| 4.2 Расад | Купен и засаден расад од градинарски култури | 10 ден |
| 4.3 Осеменување на говеда | Добиено теле | 2.000–4.000 ден |
Други мерки за поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи
| Мерка | Услов | Висина |
| 5 Складирање | Складирани пченица, јачмен и ориз | Покривање на трошоци |
| 6 Мали земјоделски стопанства | Површина и грла под минимум
Корисник во 2025 година |
Иста како мерките по површина и по грло |
| 7 Осигурување | Полиса | 60% |
| 8 Сточарство | Воспоставување и одржување на матично книговодство | |
| 9 Почва | Анализа | 60% |
| 10 Гориво за земјоделска механизација | Корисник по површина во 2025 година | 3.200–12.000 ден/ха |
Опис на мерки и услови
- Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства
Директни плаќања по површина
1.1 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за поледелски култури
Услови:
– Засеани и ожнеани поледелски култури на минимум површина од 0,7 ха збирно за сите култури со исклучок на тутун 0,2 ха
– Задолжителна употреба на сертифицирано семе за: пченица, сончоглед и маслодајна репка
– Задолжително продадено или складирано одредена количина на производство кај регистриран откупувач за: пченица, јачмен, пченка, сончоглед, маслодајна репка и афион. За: пченица, јачмен и пченка прифатливо е користење за исхрана на сопствени животни или продадено на земјоделско стопанство со регистрирано одгледувалиште на животни во период од 1 јуни до 15 октомври 2026 година. Договорот и финансовиот документ за извршена продажба да се достави во прилог на барањето.
Висина на поддршка:
– Од 6.000 до 18.000 ден/ха во зависност од културата со скалесто намалување
1.2 Директни плаќања по обработлива површина за лозови и овошни насади
Услови:
– Одржувани површини со лозови насади на минимум површина од 0,5 ха или
– Одржувани површини со овошни насади на минимум површина од 0,5 ха
– Задолжително продадено одредена количина на производство кај регистриран откупувач за винско и трпезно грозје и за следните овошни видови: јаболка, слива, цреша, праска, вишна, кајсија, круша, јапонско јаболко, калинка, лешник, бадем и орев
Висина на поддршка:
– Од 12.000 до 42.000 ден/ха во зависност од видот со скалесто намалување
1.3 Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури на отворено и во пластеници
Услови:
– Засеани и обрани градинарски култури на минимум површина од 0,3 ха збирно за сите култури
– Задолжително продадено одредена количина на производство кај регистриран откупувач
Висина на поддршка:
– Од 12.000 до 30.000 ден/ха во зависност од културата со скалесто намалување
1.4 Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури во контролирани услови
Услови:
– Произведени домати, пиперки и краставици во контролирани услови на минимум површина од 0,3 ха збирно за овие култури
– Задолжително продадено одредена количина производство во период од 1 јануари до 15 мај 2026 година
Висина на поддршка:
– 120.000 ден/ха
1.5 Директни плаќања за површини наменети за зелено ѓубре или угар во плодоред
Услови:
– Обработлива земјоделска површина оставена за угар или зелено ѓубрење во времетраење од една година
– Минимална прифатлива површина 25% од вкупно пријавената површина збирно по подмерките 1.1 и 1.3
– Спроведени пропишани агротехнички мерки
Висина на поддршка:
– 3.000 ден/ха
1.6 Директни плаќања за одржување на ливади
Услови:
– Ливада која се користи за косење со минимум површина од 1 ха
– Прифатлив број на животни на површина од 0,7 ха:1 говедо или копитар или 10 овци или 4 свињи
Висина на поддршка:
– 6.000 ден/ха
Директни плаќања по број на грла на добиток
1.7 Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 18 до 180 месеци
Услови:
– Одгледување на минимум 3 обележани женски грла на возраст од 18 до 180 месеци
– Задолжително чување до 30 ноември 2026 година
– Задолжително произведеното млеко да е продадено на регистриран откупувач или одгледаното говедо да е заклано во кланица или да се евидентирани или регистрирани како примарни производители во АХВ
Висина на поддршка:
– 8.000 ден/грло со скалесто намалување
1.8 Директни плаќања за обележани женски грла говеда на возраст од 6 до 18 месеци
Услови:
– Одгледување на обележани женски грла на возраст од 6 до 18 месеци
– Задолжително чување до 30 ноември 2026 година
Висина на поддршка:
– 3.000 ден/грло
1.9 Директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци
Услови:
– Одгледување на минимум 30 обележани грла на возраст над 12 месеци
– Задолжително чување до 30 ноември 2026 година
– Задолжително произведено и продадено млеко најмалку 500 литри или заклани најмалку 30% јагниња во кланица од бројот на пријавените овци по оваа мерка
Висина на поддршка:
– 3.000 ден/грло
1.10 Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци
Услови:
– Одгледување на минимум 30 обележани грла на возраст над 12 месеци
– Задолжително чување до 30 ноември 2026 година
Висина на поддршка:
– 3.000 ден/грло
1.11 Директни плаќања за женски приплодни грла свињи маторици
Услови:
– Одгледување на минимум 10 женски приплодни грла свињи маторици
– Задолжително чување до 30 ноември 2026 година
Висина на поддршка:
– 4.000 ден/грло
1.12 Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство
Услови:
– Одгледување на минимум 30 регистрирани презимени пчелни семејства
– Задолжително одржување на пријавениот број до 30 септември 2026 година
Висина на поддршка:
– 600 ден/пчелно семејство
– Дополнителни 200 ден/пчелно семејство при пријавени над 50 презимени пчелни семејства и исполнети дополнителни услови: да се евидентирани примарни производители или да се одобрени оператори со храна во АХВ или пак имаат продадено мед во објектодобрен од АХВ
- Меркиза дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства
2.1 Дополнителни директни плаќања за земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности (ПОМ)
Услови:
– Поднесено барање за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади или одгледување на говеда, овци, кози, маторици или пчели
– Парцелите се наоѓаат над 700 метри надморска висина
– Одгледувалиштето на животни е регистрирано во населено место со надморска висина над 700 метри или со број на жители помал од 100
Висина на поддршка:
– Дополнителни 15% од основната мерка
2.2 Дополнителни директни плаќања за одделни категории носители на земјоделско стопанство
Услови:
– Млад земјоделец
– Регистриран земјоделец
Висина на поддршка:
– Дополнителни 10% од основната мерка за млад земјоделец
– Дополнителни 20% од основната мерка за регистриран земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување
– Дополнителни 30% од основната мерка за регистриран земјоделец согласно Законот за вршење земјоделска дејност (максимум 500.000 денари по корисник)
2.3 Дополнителни директни плаќања за зголемен пријавен број на грла во основното стадо
Услови:
– Поднесено барање за говеда, овци или кози во 2025 и 2026 година
– Пријавен зголемен број на грла во 2026 во споредба со 2025 година
– Прифатлив зголемен број на грла е максимум до 30%
Висина на поддршка:
– Дополнителни 30% од основната мерка за зголемениот број
2.4 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за пчелни семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици
Услови:
– Одгледување на регистрирани пчелни семејства
– Носителот или членот на земјоделското стопанство е регистриран одгледувач на пчелни матици во МЗШВ
Висина на поддршка:
– 2.000 денари по пчелно семејство кое е во контрола и е вклучено во селекција за производство на пчелни матици
2.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12 за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед
Услови:
– Одгледување на минимум 30 регистрирани презимени пчелни семејства
Висина на поддршка:
– 50% од трошоците направени еднаш во 2026 година
- Меркиза директни плаќања по единица производ во растителното и сточарското производство
3.1 Директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година
Услови:
– Договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година на регистриран откупувач
Висина на поддршка:
– 60 до 80 ден/кг во зависност од класата на тутунот
3.2 Директни плаќања за овошје и зеленчук предадени во преработувачки капацитет
Услови:
– Да се корисници од мерката по површина за овошје и зеленчук
– Да го предале овошјето (одредени видови) и зеленчукот (сите видови) во определен период
Висина на поддршка:
– 3 до 5 ден/кг во зависност од видот или периодот на предавање
3.3 Директни плаќања за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Услови:
– Да се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал
– Да имаат произведено и сертифицирано семе во 2026 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија
Висина на поддршка:
– 4 до 20 ден/кг во зависност од тоа дали семето е од прва генерација (Ц1), основен или предосновен материјал
3.4 Директни плаќања за производство на семенски материјал за тутун
Услови:
– Да се запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал
– Да имаат произведено и сертифицирано семе од тутун од прва генерација во 2026 година согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија
Висина на поддршка:
– 1.000 ден/кг
3.5 Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко
Услови:
– Да имаат регистрирано одгледувалиште на говеда, овци или кози
– Да продале млеко на регистрирани откупувачи во 2026 година
– Минимална прифатлива количина 300 литри месечно
Висина на поддршка:
– 6 ден/литар за кравјо и 7 ден/литар за овчо и козко млеко
3.6 Директни плаќања за одгледани и предадени или заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет
Услови:
– Да имаат одгледано и предадено или заклано говеда во период од мај 2025 до април 2026 година
– Да се чувани на сопствено одгледувалиште најмалку 3 месеци пред колење
– Закланите говеда да се навозраст од 8 до 24 месеци на денот на предавање во кланица, да имаат минимална тежина од 250 или 450 килограми во зависност од расата
Висина на поддршка:
– 4.500 до 6.000 ден/грло во зависност од расата
3.7 Директни плаќања за предадени или заклани гоеници во регистриран кланичен капацитет
Услови:
– Да имаат одгледано и предадено или заклано најмалку 20 гоеници во период од мај 2025 до април 2026 година
– Закланите гоеници да се со тежина над 90 килограми
Висина на поддршка:
– 1.000 ден/грло со скалесто намалување
3.8 Директни плаќања за одгледани и предадени или заклани бројлери во регистриран кланичен капацитет
Услови:
– Да имаат одгледано и предадено или заклано бројлери во период од октомври 2025 до септември 2026 година
Висина на поддршка:
– 80 ден/бројлер со скалесто намалување
3.9 Директни плаќања за амортизирани несилки предадени или заклани во регистриран кланичен капацитет
Услови:
– Да имаат одгледано и предадено или заклано амортизирани несилки во период од октомври 2025 до септември 2026 година
Висина на поддршка:
– 120 ден/несилка
3.10 Директни плаќања за произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди
Услови:
– Да имаат одгледано и продадено еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди во период од октомври 2025 до септември 2026 година
Висина на поддршка:
– 10 ден/пиле
- Меркиза поддршка на влезни елементи во производството, како и нивните производи
4.1 Директни плаќања за набавка на лозов и овошен
Услови:
– Да имаат посадено сертифицирани лозови или овошни садници од домашно производство
– Прифатлива посадена површина од 0,5 до 2 хектари
– Прифатлив период на купување и садење од 1 ноември 2025 до 31 март 2026
– Прифатлив број на садници најмалку 300 до 1.500 овошни садници/ха и најмалку 1.389 до 4.000 лозови садници/ха
Висина на поддршка:
– 35 ден/лозов калем и 40 ден/овошен садник
– Максимален износ по корисник 240.000 денари
4.2 Директни плаќања за набавка на посадочен материјал за пипер, домат и краставица
Услови:
– Да се корисници за мерката по површина за градинарски култури
– Да имаат купено од домашен пазар и посадено сертифициран хибриден посадочен материјалод пипер, домат и краставица
– Прифатлив период на купување од 1 март до 30 август 2026 година сертифициран посадочен материјал кој е произведен во посебно утврдени услови
Висина на поддршка:
– 10 ден/растение купено по цена не пониска од 15 денари
4.3 Директни плаќања за вештачко осеменување на женско говедо и добиено теле
Услови:
– Да е извршено оплодување на крава/јуница по пат на вештачко осеменување и и добиено и регистрирано теле
Висина на поддршка:
– 2.000 ден/добиено теле
– 4.000 ден/добиено теле по пат на примена на полово преддефинирано семе
- Меркиза поддршка на складирање на пченица, јачмен и ориз од домашно производство од род 2026 година
Услови:
– Произведена и предадена на складирање кај регистриран откупувач пченица и јачмен во период од 15 јуни до 15 септември 2026 година
– Произведен и предаден на складирање кај регистриран откупувач ориз во период од 15 септември до 15 декември 2026 година
Висина на поддршка:
– Покривање на трошоци за складирање
- Мерки за директни плаќања за мали земјоделски стопанства
Корисници:
– Земјоделски стопанства кои не ги исполнуваат условите за минимум прифатлива површина за 2026 година за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади, условите за минимален прифатлив број за 2026 година за говеда, кози, маторици и пчелни семејства а поднеле барање и ги исполниле условите за овие намени во 2025 година, не земајќи ги во предвид намалувањата на минимумот за 50% за подрачјата со отежнати услови
Услови:
– Исти како и за основните мерки за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади и за основните мерки за грло
Висина на поддршка:
– Иста како и за основните мерки за површини со поледелски, градинарски, овошни и лозови насади и за основните мерки за грло говеда, кози, маторици и пчелни семејства
- Помош во премии и осигурување
Услови:
– Осигурано земјоделско производство во период од август 2025 година до јули 2026 година
Висина на поддршка:
– 60% од вредноста на полисата
– Максимален износ по корисник 150.000 денари
- Помош во сточарски сектор
Средствата од оваа мерка се наменети за покривање на на административни трошоци за воспоставување и одржување на маточно книговодство и трошоци за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството.
- Помош за заштита на земјоделско земјиште
Услови:
– Извршена анализа на физичките и хемиските својства на почвата од страна на земјоделските стопанства преку агрохемиски или педолошки анализи направени во 2026
Висина на поддршка:
– 60% од вредноста на анализите
– Максимален износ по корисник 12.000 денари
- Помош за поддршка на трошоци за набавка на горива за земјоделска механизација за земјоделски стопанства
Услови:
– Мерката се реализира со доделување на персонализирани картички за секое земјоделско стопанство одделно
Висина на поддршка:
– Од 3.200 до 12.000 ден/ха во зависност од културата
– Пресметката на износот се прави одделно за секое земјоделско стопанство врз основа на големината на земјоделско земјиште и културата пријавена за директни плаќања во 2025 година.

