Агро – метео: Следува заладување

Вести

Се наоѓаме под влијание на многу топла воздушна маса од југ, што придонесува да имаме надпросечно високи температури како за овој дел од годината. А ваквата временска состојба ќе не послужи и во текот на утрешниот ден како и во првата половина од денот вторник, за потоа синоптичката состојба да почне да се менува над нашето подневје. Максимумот ќе се движи од +11 до +19 степени.

Во вторник попладне како што ќе ни се приближува студениот атмосферски фронт, кој е во склоп со промената ќе започне да ни носи наоблачување а до крајот на денот и бран врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во текот на ноќта према вторник како и во денот среда преку нашата територија ќе започне да се транспортира студен атмосферски фронт од северозапад и север што ќе ни овозможи да имаме наоблачување, врнежи од дожд и снег на пониските места како и врнежи од снег на повисоките места и планините.

Она што е актуелно на прогнозистичките модели, е тоа што за разлика од вчерашниот ден тие денес го зголемија интензитетот на врнежи како и неговата распространетост. Штом ќе навлезе фронтот и со самото опаѓање на температурите снег ќе имаме и во некои низини ширум земјава. Повеќе изгледи за снег барем од сега гледано би требало да имаме ширум западна, северозападна и локално југозападна Македонија, како и планините и некои планински подрачја, каде ќе се формира и снежна покривка. И сето ова би можело да биде проследено со засилен северен ветер, што на планините и некои повисоки места би можеле да имсме дури и можност за снежни навеви или наноси. Температурата нагло ќе опадне, во споредба од оние што ги имавме деновиве.

Фронтот ќе биде брз но би рекол интензивен, и истиот ќе биде краток што зад себе тој ќе ни остави значително постуден воздух, а од четврток па натака би требало да настапи и стабилизација на времето но со постудено време.

Како и да е топло уште два дена, а потоа зимата ќе не посети колку толку, односно доволно да ни спомне дека се уште не е завршена. И ќе донесе локално типични зимски услови, онакви какви што доликува за овој дел од годината.

Временската прогноза ја подготви Денис Мухиќ

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *