АХВ преку ИПА проект ќе дигитализира услуги

Вести

Агенцијата за храна и ветеринарство, на предлог на Кабинетот на Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции е дел од ИПА проект со кој ќе бидат дигитализирани  неколку услуги кои АХВ ќе ги реализира електронски преку Националниот портал на е-услуги. Целта на овој проект, во кој се вклучени повеќе институции, меѓу кои и АХВ, е да се прошири понудата на достапни е-услуги на Националниот портал за граѓани и бизниси и да се подобри испораката и квалитетот на јавните услуги и на граѓаните и на деловните субјекти.

Потребните основни јавни регистри на АХВ за услугите кои ќе се реализираат преку Националниот портал за граѓани и бизниси исто така ќе бидат дигитализирани во рамките на проектот.

 

0

 

Во рамки на проектот ќе бидат дигитализирани услугите поврзани со регистрација на оператори со храна од животинско потекло, увозот на животни, увозот на ветеринарно медицински препарати, увозот на семе за вештачко оплодување на бикови и други услуги. Во септември во рамки на проектот во АХВ ќе се спроведе бизнис анализа во рамките на овие услуги со цел да се утврди поддршката што Агенцијата за храна и ветеринарство треба да ја добие во рамки на овој проект.

 

1

 

Владата на Република Северна Македонија веќе презеде чекори за да се обезбеди испорака на е-услуги. За да биде тоа ефикасно, потребно е дополнително да се дигитализираат регистрите што ќе им овозможи да ги понудат овие услуги. Ова е стратешка цел на земјата, утврдена во Стратегијата за реформа на јавната администрација.

Главни корисници на овој проект се Министерството за информатичко општество и администрација и Кабинетот на Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции.

Други корисници во проектот се: Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија, Министерството за правда, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Агенцијата за енергетика, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Агенцијата за храна и ветеринарство, Институтот за акредитација, Управата за водење на матичните книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Фармацевтската комора на Македонија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *