Министерот Серафимовски потврди: Ребалансот се донесе, пари има обезбедено, следува исплата на субвенциите

Деновиве ќе се види која исплата најмногу доцни за тие земјоделци да имаат приоритет. Во секој случај, август месец ќе биде во знакот на земјоделските субвенции, потенцираше Серафимовски.

Share
Прочитај повеќе

Обезбедени 793,4 милиони денари за поддршка на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата „вранец“

Одлуката е донесена пред почетокот на главниот откупен период, кога на откупувачите им се потребни средства за преземање на земјоделските производи, додека приходите од нивната продажба или преработка се остваруваат подоцна. На овој начин се создава финансиска основа откупот да се одвива навремено, а предадениот род да биде исплатен во утврдениот рок.
Вкупниот расположлив износ изнесува 793.481.723 денари.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Серафимовски потпиша седум договори за промоција на домашните производи и развој на руралните средини

Поддршка доби и нашето Здружение за земјоделци „Современо земјоделство“ од Битола, за темата „Рурална жена – силата на Пелагонија“.
Средствата се доделени по спроведен јавен повик, на кој пристигнаа 26 предлози. По завршувањето на административната проверка и постапката за избор, седум од предложените манифестации ги исполнија утврдените услови за добивање техничка поддршка.

Share
Прочитај повеќе

Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува, наскоро состанок со откупувачите и земјоделците за цената и складирањето

Серафимовски истакна дека со ребалансот на буџетот и по неговото усвојување ќе бидат исплатени околу една милијарда и 200 милиони денари за субвенции во кои се опфатени и житните култури. 

Share
Прочитај повеќе

Водич за директни плаќања – субвенции 2026 година

Во случај кога не го исполнувате условот за минимум површина за поледелски, лозови, овошни и градинарски култури а имате одобрено барање во 2025 година со помали површини, за истиот минимум површина и за истите намени ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6

Share
Прочитај повеќе

Дали се затвора Земјоделското училиште во Битола?

Со евентуалното затворање или маргинализирање на училиштето, Пелагонискиот регион ќе остане без континуиран прилив на агрономи, советодавен кадар и стручни лица за грижа на животните, што директно ќе се одрази врз продуктивноста, одржливоста и квалитетот на земјоделството.

Share
Прочитај повеќе

Поништени повиците за набавка на трактори и приклучна механизација

Последната потврдена вест од Платежната агенција е дека се поништени повиците за набавка на трактори и приклучна механизација од Програмата за Рурален развој за 2025 година.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците збунети и револтирани од новата програма за субвенции

Од 2026 година, исклучени од право на користење на субвенции се и полјоделците кои садат пченица без употреба на сертифицаран семенски материјал.

Share
Прочитај повеќе

Повисок долен праг, како услов за субвенционирање – нема веќе субвенции за две крави и за мала нива

Кај лозарството најмала површина може да биде 0,5 хектари, поголема површина треба и за полјоделските и за градинарските култури. Исто така, според новата Програма нема да се субвенционира насад на пченица ако не се користи сертифициран семенски материјал.

Share
Прочитај повеќе

Ќе се одземаат неисправни трактори затекнати во сообраќај

Токму тракторите кои се управуваат без техничка исправност, односно најчесто без исправна задна сигнализација, беа причина за бројни јавни реакции, но и голем број на сообраќајни несреќи.

Share
Прочитај повеќе