Министерот Николовски имаше работен состанок со Советот на професори

-Со цел поефикасно спроведување на идните политики, на состанокот формиравме работни групи кои ќе работат во областа на фитофармација, советодавен систем, почви, цена на земјоделски производи, сточарство, градинарство, наводнување и агроеколошки мерки, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Работиме на долгорочна стратегија за земјоделството да биде стожер на македонската економија

-Пред нас е макотрпна заедничка работа која што сум убеден дека во периодот што следи ќе даде позитивни показатели и дека земјоделството ќе биде стожер на нашата економија“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Започна потпишувањето на договорите за мерката за инвестиции во преработувачки капацитети од последниот повик за ИПАРД 2

Од денеска започна склучувањето на договорите за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од последниот повик за ИПАРД 2 програмата, кој заврши на крајот на јануари годинава.

Share
Прочитај повеќе

Нов теренски прирачник на ФАО за Aфриканска свинска чума

Целта на овој прирачник е на ветеринарните техничари и лабораториските дијагностичари да им ги обезбеди потребите информации за брзо дијагностицирање и реагирање при епидемија или случај на Африканска свинска чума. Одгледувачите на свињи, ловците и шумските чувари исто така ќе имаат полза од прирачникот.

Share
Прочитај повеќе

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МЗШВ и средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци

Министерот Николовски изјави дека со потпишувањето на Меморандумот се потврдува заедничката заложба за унапредување на соработката во областа на заштита на шумите, преку подготовка и стручна обука на сегашните и идните припадници на шумската полиција, што важно за ефикасно спроведување на мерките во делот на заштита на шумите. 

Share
Прочитај повеќе

50 земјоделци од Струмица и Радовиш ќе добијат грантови од швајцарската влада

Нови 250 000 евра им стојат на располагање на земјоделците од струмичко радовишкиот регион како поддршка за воведување на модерни агро-еколошки мерки во производството на овошје и зеленчук. Средствата се дел од новиот циклус на  грантови на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка. Целта е подобрување на квалитетот на животната средина и управувањето со водите преку намалување на притисоците од различно потекло и ублажување на ризикот од поплавите.

Share
Прочитај повеќе

Агро Метео: Следува период на променливо облачно време

Следува период на променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд, а дневните температури ќе бидат во благо опаѓање. Кон крајот на оваа и почетокот на идната седмица локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Share
Прочитај повеќе

Тече повикот за набавка на добиток до 6.500.000 денари по корисник

Мерка 121.1 – Набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи согласно Законот за сточарство (регистрирани во Регистарот на признати организации на одгледувачи на добиток.

Share
Прочитај повеќе

Овошките од Тиквешко претрпеа штети од пролетен мраз и слана

-Ниските температури во петокот изутрина предизвикаа оштетувања во Кавадаречко и Росоманско, во микро региони покрај течението на реките Луда Мара и Црна, рече Драган Николов, советник во кавадаречката подрачна единица.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски на билатерална средба со грчкиот министер Араховитис: Заеднички ќе се работи на интензивирање на трговската размена со земјоделски производи

На средбата двајцата министри разговараа за подготовка на Меморандум, кој ќе биде изработен од тимови од двете министерства. Во Меморандумот тимовите ќе треба да ги утврдат областите за соработка во делот  на земјоделството и сродните сектори.

Share
Прочитај повеќе