50 земјоделци од Струмица и Радовиш ќе добијат грантови од швајцарската влада

Вести

Нови 250 000 евра им стојат на располагање на земјоделците од струмичко радовишкиот регион како поддршка за воведување на модерни агро-еколошки мерки во производството на овошје и зеленчук. Средствата се дел од новиот циклус на  грантови на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка. Целта е подобрување на квалитетот на животната средина и управувањето со водите преку намалување на притисоците од различно потекло и ублажување на ризикот од поплавите.

,,Овој регион е ранлив од еколошки аспект, така што со УНДП ги поддржуваме земјоделците, фармерите во изнаоѓањето на нови еколошки прифатливи пристапи во земјоделството“, вели Сибил Сутер Тејада – амбасадор на Швајцарија.

Воведувањето на агро еколошките мерки има за цел и да ја подобри конкурентноста на земјоделските производи преку намалување на трошоците на производство. Грантовите ќе бидат доделени на 50 земјоделци од регионот на Струмица и Радовиш кои успешно ќе ги поминат предвидените обуки.

,,Поддржуваме активности со кои што ќе се смени пристапот во работата во земјоделието, со цел исто така да се подобри начинот на користење на водните ресурси и намалување на користењето на пестицидите во земјоделието“, вели Мирјана Егер, Регионална директорка на УНДП за Европа и Централна Азија.

Во претходните два циклуси беа обучени голем број земјоделци од регионот кои во нивното производство почнаа да применуваат нови агро еколошки мерки. во обуките и грантовите од страна на Швајцарската влада досега се инвестирани над половина милион Швајцарски франци. Оваа поддршка се очекува да продолжи и во иднина.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *