ЈП “СТРЕЖЕВО” – Битола започнува со издавање на дозволи за рекреативен риболов за 2019 година

годишна дозвола   1.000,00 денари,
петнаесетдневна      500,00 денари,
седумдневна            300,00 денари,
еднодневна              150,00 денари.

Share
Прочитај повеќе

Илиевски: Отвораме дисперзирани канцеларии за земјоделците во Новаци и Могила

-Како раководител сметам дека обемот на работа е многу голем, а просториите се многу мали за да можеме да дадема добра техничка поддршка за земјоделците. Во партнерство со општините Новаци и Могила ги подготвуваме канцелариите кои до 15 март ќе бидат отворени, истакна Илиевски.

Share
Прочитај повеќе

Производителите на сончоглед се здружија во Асоцијација

Производителите на сончоглед формираа Асоцијација со цел заеднички решавање на нивните проблеми но и поддршка во текот на склучувањето на договори, производството и откупот од страна на фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес.

Share
Прочитај повеќе

Макрон ја брани европската аграрна политика: Земјоделството е огледало на општествата

– Аграрна Европа е водечка сила во светот, која ја одржува оваа цивилизација на добра храна, а која денес е загрозена. Од надвор, од внатре, од оние кои би сакале „да се ограничи заедничката европска аграрна политика”, предупреди Макрон.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Со проект на УНДП, ќе се обноват метеоролошките и хидролошките станици во полошкиот регион

Проектот „Подобрување на отпорноста од поплави во полошкиот регион“ ќе овозможи навремено и точно информирање на граѓаните со важни информации кои се особено важни за земјоделците со цел да превземат или со време да реагираат за да ги ублажат загубите врз производството во полошкиот регион.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Новите мерки во Програмите за финансиска поддршка ќе овозможат развој на семејното земјоделство

Оваа година имаме добиено точни препораки што е тоа што треба да го промениме и како да се прилагодиме на заедничката земјоделска политика на ЕУ. Ова е прва година во која што направивме конкретни чекори и знаеме што е тоа што ќе го направиме во следните години“, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Четврта работна сесија на работната група за Земјоделство и рурален развој

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на четвртата работна сесија на работната група за Земјоделство и рурален развој, организиранa од страна на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија

Share
Прочитај повеќе

Се здружуваат македонските живинарски фарми за одбрана на пазарот

Секоја македонска живинарска фарма има обврска јајцата да ги обележува со бројка и со МК код, што за потрошувачите е еден од сигналите да знаат што купуваат. Но ново формираната асоцијација за живинарство планира да воведе и препознатливо обележување на пакувањата за јасно да знаат потрошувачите што е свежо домашно јајце а што увозно од залихи и вишоци на соседните земји.

Share
Прочитај повеќе

Финишира откупот на тутунот, откупени 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 214,34 денари

Заклучно со 22 февруари откупени се околу 25 милиони килограми, со просечна цена од 214,34 денари по килограм. Од страна на откупните претпријатија на тутунопроизводителите досега им се исплатени над 5 милијарди денари, односно високи 96% од откупените количини тутун. Законскиот рок за завршување на откупот е 15-ти март.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски: Пред време ќе ја исплатиме мерката за одржување овошни насади

Платежната агенција и годинава ќе ја исполни законската обврска за исплата на субвенциите за овоштарите до 30 јуни годинава, а до крајот на март или на почетокот на април ќе ја исплатиме мерката за одржување овошни насади, потврди директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе