Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на четвртата работна сесија на работната група за Земјоделство и рурален развој, организиранa од страна на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија.
-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи на мерки за поддршка на руралните средини, особено преку програмите за финансиска поддршка каде се опфатени семејните фарми и стратешките определби за нивниот развој, истакна Николовски.
Новите мерки во Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, меѓу другото ќе овозможат и развој на семејното земјоделство.
-Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2019 година опфаќа неколку мерки и видови на поддршка кои се однесуваат на семејното земјоделско стопанство, а земјоделците ги имаат на располагање и средствата од ИПАРД 2 програмата, рече Николовски.
На денешната четврта работна сесија на работната група за Земјоделство и рурален развој, се разговараше за сите отворени предлози и се презентираа можностите и мерките што ги нудат Националните програми.
М-р Билјана Петровиќ за „Современо Земјоделство“