Индексот на цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството изнесува 101.1

Во декември 2018 година, во споредба со декември 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно
потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства
наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.1.

Share
Прочитај повеќе

Откупени над 15 милиони килограми тутун по просечна цена од 210 денари за килограм

Очекуваме непречен откуп до исплаќање на целокупната откупена количина. Оваа година обезбедени се средства за навремена и целосна исплата на субвенциите на тутунопроизводителите а тоа се околу 5 милиони евра повеќе пари од предходните години кои државата овој период односно со почеток од минатата година веќе ги обезбедува за тутунопризводителите“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделството ги загрозува преговорите меѓу САД и ЕУ

Германија е меѓу земјите кои се залагаат за договор со САД поради загриженоста дека европските извозни давачки од 40 милијарди долари годишно би можеле негативно да влијаат на влијателната индустрија. Во исто време, Франција, која има силно земјоделско лоби, инсистира на тоа дека земјоделството не треба да влезе во преговори.

Share
Прочитај повеќе

ЗК Пелагонија во наредните три години под мониторинг на банките за да врати долг од 37 милиони евра

Од комбинатот велат дека поддршка за нивната работа имаат и од Владата, зашто со години од државата добиваат субвенции. Комбинатот ќе почне да го враќа долгот кон банките од септември годинава, кога ќе заврши и новата реколта на житните култури.

Share
Прочитај повеќе

Во Велес досега поднесени дваесеттина апликации за ИПАРД 2

Досега аплицирале 20-тина земјоделци од велешкиот поширок регион во кој се вклучени и Општините Градско и Чашка.

Share
Прочитај повеќе

Природна пластика од пердуви од живина

Во пердувите од живина има 90% кератин, па благодарение на овој протеин добиената пластика ќе биде многу силна во споредба со традиционалната пластика.
Тим од научници во овој момент работат на истражување како од пердувите може да се направи амбалажа.

Share
Прочитај повеќе

Објавени мониторинг програмите за безбедност на храната и храната за животните

Со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на луѓето, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе пакет програми за мониторинг на безбедност на храна и храната за животни за 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Отворени нови ЕУ перспективи и за месната индустрија

На европската листа на одобрени објекти за извоз на храна од Република Македонија, на која сега се наоѓаат кланици, објекти за извоз на мелено месо, подготовки и преработки од месо, производи од риба, сурово млеко, јајца и производи од јајца и топена животинска маст и чварки, како што рече директорот Атанасов, очекува да се најдат и други компании, кои ќе ја искористат можноста за продажба на своите производи на пазарот на Европската унија.

Share
Прочитај повеќе

Јавен повик за достава на понуди за избор на консултанти за испорака на обуки за прописи и процедури за регистрација и воспоставување на земјоделски задруги (бр. 1/ЗАМ/2019)

Обуките се наменети за земјоделски стопанства кои имаат намера да формираат земјоделска задруга. Обуките би се спроведувале во периодот од јануари 2019 година до март 2019 година на различни локации во Република Македонија.
Рокот за доставување на понудите е 18.01.2019 г. до 16:00 часот.

Share
Прочитај повеќе

Во Токио редок вид на туна продаден за рекордни 3,1 милиони долари

Во Токио, Јапонија беше поставен нов продажен рекорд на загрозениот вид туна, bluefin. Таканаречениот суши тајкун Киоши Кимура, кој е сопственик на ланцеот Sushi Zanmai плати рекордни 3,1 милион долари за огромната риба, пишува Guardian.

Share
Прочитај повеќе