Во Токио редок вид на туна продаден за рекордни 3,1 милиони долари

Вести

Во Токио, Јапонија беше поставен нов продажен рекорд на загрозениот вид туна, bluefin. Таканаречениот суши тајкун Киоши Кимура, кој е сопственик на ланцеот Sushi Zanmai плати рекордни 3,1 милион долари за огромната риба, пишува Guardian.

Оваа сума е двојно повеќе од сумата што корпорацијата Kimura Kiyomura ја плати пред пет години.

Рибата, којашто беше уловена на северниот брег на Јапонија, тежи неверојатни 278 килограми. Годинава цените на одржаната аукција беа значително повисоки од вообичаено. Туната bluefin обично чини 40 долари за половина килограм, но поради тоа што е веќе загрозен вид на риба цената се искачи на 200 долари за половина килограм.

Јапонците се најголеми конзумирачи на овој вид на туна во светот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *