Растат температурите – Заштитете ја храната и животните

На прагот сме на летото кога со порастот на температурите се зголемуваат и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. Високите температури се потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се преземат мерки за обезбедување на доволни количини храна и вода за пиење.

Share
Прочитај повеќе

Кога треба да започне бербата на кајсија? Методи за одредување на времето за берба

Оптималното време за берење кајсии треба да се определи врз основа на одредени индикатори и не-деструктивни методи. Плодовите на кајсијата брзо созреваат по бербата и нивното складирање е доста ограничено. Затоа, утврдувањето на оптималното време на бербата е многу важно, особено за сортите чие овошје се користи за потрошувачка во свежа состојба. Тоа директно зависи од квалитетот и трајноста на плодовите.

Share
Прочитај повеќе

Малините ги заменуваат земјоделските култури во Полошко

Се повеќе луѓето кои се занимаваат со земјоделство и сточарство во Полошкиот регион започнуваат со одгледување малини. Наместо нивите и имотите со луцерка, компири и слично, се засадува малина, која се смета за доходовна култура, а пласманот е претежно за странските земји. Со единствениот откупувачки центар ЛК „Распбери“ лоциран во тетовско Јанчиште сè повеќе земјоделци се договараат да произведуваат малини и да бидат нивни кооперанти.

Share
Прочитај повеќе

Претставници од МЗШВ на средба со производителите и откупувачите на праски

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија, во саботата во Росоман имаа работна средба со градоначалникот на општината Бранко Јанев. На средбата присуствуваа и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, а се разговараше за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.

Share
Прочитај повеќе

Одгледувањето риби се смета за бизнис на иднината

Мрсните риби како лосос, пастрмка, сардини, туна и скуша имаат поголемо количество на нутритивни состојки базирани на масти. Таму се содржи и витаминот Д, кој е растворлив во масти. Многу луѓе имаат дефицитет од овој витамин. Тој функционира како стероид во организмот. Мрсните риби се богати и со Омега 3 масните киселини. Овие масни киселини се круцијални за функционирањето на телото и мозокот. Тие исто така спречуваат настанување на многу заболувања.

Share
Прочитај повеќе

Јавен оглас за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште

До август годинава ќе трае тендерот за изградба на фотоволтаични електрани на државно земјиште кај Свети Николе и кај Македонски Брод.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделство во градот? Да, и тоа е можно!

Урбаното земјоделство, ќе добие се повеќе и повеќе значење. Покрај зеленчукот и растенијата, може да се одгледуваат и други видови како јагоди и бобичесто овошје, чување на зајаци, можно е производство на јајца, печурки, цвеќиња, зачински и лековити растенија.

Share
Прочитај повеќе

Органското земјоделство во историски раст

Во четиринаесет земји, вкупно 10 проценти или повеќе од земјоделското земјиште е органско. Глобалните органски статистики го покажуваат придонесот на органското земјоделство кон целите на одржливиот развој.

Share
Прочитај повеќе

Можности за примена на странски искуства во здружувањето на малите земјоделски производители

 Добар пример за регионално поникната соработка помеѓу земјоделските стопанства е агроиндустриски кластер  Алмерија од1980 година. Тој настанал  за да се создадат нови можности на неколку илјади семејни  градинарски (земјоделски) стопанства кои одгледуваат зеленчук во полиетиленски оранжерии за да добијат пристап до меѓународниот пазар.

Share
Прочитај повеќе

Работилница на ФАО за проценка на штетите во земјоделството од климатските промени

Регионалната работилница започна вчера а ќе трае до 13 јуни, во Скопје, во рамките на низата настани во организација на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) низ Европа и Централна Азија, чија цел е презентација на нова стандардизирана методологија на ФАО за проценка на директните загуби и штети во земјоделството предизвикани од климатските промени.

Share
Прочитај повеќе