Оптималното време за берење кајсии треба да се определи врз основа на одредени индикатори и не-деструктивни методи.
Плодовите на кајсијата брзо созреваат по бербата и нивното складирање е доста ограничено.
Затоа, утврдувањето на оптималното време на бербата е многу важно, особено за сортите чие овошје се користи за потрошувачка во свежа состојба. Тоа директно зависи од квалитетот и трајноста на плодовите.
Индикаторите кои може да се користат за да се одреди времето за берба на кајсија се:
- Боја на покожицата
- Цврсто месо
- Еластичност на покожицата
- Содржината на растворлива сува материја
- Органолептичко оценување
- Одвојување на коската од плодот
Во последно време се повеќе и повеќе се користат недеструктивни методи, како што е NIR спектроскопијата.

Бојата на покожицата, најчесто се користи како показател за определување на времето на жетвата кајсија.
Се препорачува бербата да се изведе кога плодовите ќе достигнат одредена боја која е карактеристична за дадената сорта. Како индикатор за зрелост, се зема основната боја на покожицата.
Берба се препорачува кога основната боја преминува од зелена до жолта боја. Одредувањето на нијансата на боите се прави со помош на специјални бои.
Цврстината на месото се определува со инструмент наречен пентрометар.
Пентрометарот се состои од клип (дијаметар од 8 мм) кој е втиснат во месото на плодот на кој претходно му е отстранета покожицата со нож. Притисокот кој се користи за надминување на отпорот се пренесува на скалата и се чита во kg / cm2.
Еластичноста на кожата се одредува со помош на инструмент Дурофел со клип од 0,1 см2.
Овој инструмент не го оштетува плодот, туку го мери површинското повлекување на покожицата под дејство на притисок. Се изразува како Дурофел индекс и кајсијата може да има вредност од 35-95.
Содржината на растворливи суви материи е помалку веродостоен индикатор за одредување на време на жетвата, бидејќи варира во зависност од локацијата, временските услови и нивото на приносот.
Плодовите од кајсија во нашите услови при жетвата обично содржат 12-16% сува материја. Како минимален квалитет при бербата на кајсијата , се смета содржината на растворливата сува материја е да е 10-13%.
Органолептичката оцена на зрелоста на плодовите се базира на изгледот и вкусот на плодовите.
Вкусот треба да биде речиси оптимално изразен, бидејќи по бербата не се подобрува.
Одделувањето на коските од месото се одредува со таканаречен „Твист тест“.
Тестирањето се врши со сечење на плодот со нож на половина и потоа половинките се вртат во спротивни насоки.Ако при тоа коската се одвои од плодот, бербата на кајсијатаможе да започне.
Недеструктивни методи
Не-деструктивни методи се повеќе се користат за одредување на квалитетот и степенот на зрелост на плодот, особено во последните 10 години.
Повеќето од овие методи се оние кои се базираат на VIS или NIR спектроскопија.
NIR спектроскопија се базира на мерењето на рефлектираното или пропуштеното зрачење при осветлување на плодовите со NIR зраци.
Кај кајсиите, утврдено е дека ова зрачење е поврзано со степенот на зрелост на плодот и дека со негова помош, може доста прецизно да се предвиде содржината на сува материја и киселина во плодот.
Секое отстапување од оптималното време на бербата е неповолно, без разлика дали бербата се прави предвремено (пред физиолошка зрелост) или премногу доцна (по целосна зрелост).
Прерана и задоцнета берба на кајсијата
Последиците од прерано изведената берба се: ситни плодови, недоволно привлечна боја на покожицата, лош вкус со малку шеќер, повеќе киселина и слабо изразена арома.
Задоцнетата берба исто така не е пожелна, бидијќе во тој случај доаѓа до опаѓање на плодовите и оштетување на самиот плод.
При задоцнета берба, плодовите се меки, имаат слаба трнспортибилност, кратко им е времето на чување и многу се подложни на габични болести.
„ Современо Земјоделство “

