Бабовски: Тутунот ќе се субвенционира од државата

Вести тутун

Во вчерашното отворено студио на 1ТВ гостуваше Николче Бабовски, директор на АФПЗРР кој рече дека кога Република Македонија ќе влезе во ЕУ, тутунарите нема да се субвенционираат од ЕУ, но ќе се субвенционираат од државата.

Субвенционирањето на тутунот воопшто во ниедна држава во ЕУ не оди од европскиот буџет. Знаеме дека буџетот на ЕУ е 40% и тој буџет е наменет токму за земјоделие. Со членството на Република Македонија во ЕУ предвидена е поддршка од околу 280 милиони евра кои ќе се како директна поддршка на нашето земјоделие и рурален развој, ама единствено нешто за кое што нема да име субвенции од ЕУ е тутунот. Но ќе има субвенции од државата, нагласи Бабовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *