Бектеши: Нема да продолжи мерката за замрзнати цени на земјоделските производи

Вести

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција рече дека мерката за замрзнати цени на одредени земјоделски производи нема да биде продолжена по нејзиното завршување предвидено на 31 мај.

– Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи, имајќи во предвид дека, согласно податоците што ги имаме ние како Министерство за економија, повеќето од производите се и пониски од нивото на замрзнување кое сме го имале претходно, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.

Инаку, поради оваа мерка, голем дел од маркетите во малопродажбата се одлучија да не ги продаваат дел од производите опфатени со мерката.

Министерот во контекст на ова дополни дека ќе има реакција од страна на Владата само доколку од 1 јуни биде забележана злоупотреба од страна на трговците.

Бектеши рече дека инфлацијата во јуни ќе биде под нивото од 10 отсто и се очекува да биде помала од тоа што претходно било проектирано од Народната банка.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *