Платежната агенција треба да исплати 8,7 милиони евра до крај на годината

– Најновите информации се дека до крајот на годината 8,7 милиони евра треба да бидат исплатени од Платежната агенција. Убеден сум дека ќе бидат исплатени заради тоа што веќе до Платежната агенција се поднесени барањата за исплата на најголемите проекти во делот на мерката на преработувачката индустрија. Лично ги мотивирам и разговарам со сите апликанти да ги забрзаат своите процедури. Секторите за одобрување и за исплати на Платежната агенција ќе работат интензивно летото, рече Николовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите ќе можат да закупат земјоделско земјиште, каде би ги поставувале пчелните семејства

Министерот објасни дека измените на законот, направени врз основа на сериозни анализи, треба да овозможат поголемо вклучување на млади лица во земјоделството. Затоа, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина 3 години откако ќе добијат државно земјоделско земјиште. Се решава и проблемот што го имаа пчеларите со недостатокот на површини за поставување на пчелни семејства, кои ќе може да закупат државно земјоделско земјиште за таа намена. И земјоделците што веќе користат хектар или два државно земјиште ќе може да аплицираат за дополнителни парцели, сè до обезбедување на површина од 10 хектари, со што се создаваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Share
Прочитај повеќе

Обука и за прилепскиот стационар за бездомни животни

Постапките и стандардните оперативни процедури, техниките и методите на заловување на бездомни кучиња ќе бидат тема на тридневната обука која почнувајќи од денес, на барање на јавното комунално претпријатие од Прилеп кое стопанисува со прифатилиштето за бездомни животни, ќе ја одржи Брајан Фаулкнер, експерт од Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија (RSPCA). На едукативната работилница покрај вработените од ова јавно претпријатие, учество ќе земат и претставници од прифатилиштата за бездомни животни од Кичево, Демир Хисар, Штип и прифатилиштето за бездомни животни од Тетово кое е во фаза на одобрување.

Share
Прочитај повеќе

АХВ повторно оцената со највисоки оценки од Европската комисија

И во овогодишното известување на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија во приближувањето и имплементацијата на европското законодавство и стандарди, Агенцијата за храна и ветеринарство е оценета со највисоки оценки и е меѓу петте институции во државата што добиле ваква оценка.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Со измените на Законот за земјоделско земјиште до правилна распределба на државното земјоделско земјиште и зголемување на обработливите површини

Владата на Република Северна Македонија на седница  го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште. Со новите законски измени се овозможува правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата.

Share
Прочитај повеќе

Презентирани искуствата на АХВ во спроведување на инспекциските контроли на граничните премини

На покана на Светската Банкарска Групација и Австриското министерството за финансии, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство ДВМ Зоран Атанасов во Виена Австрија, зеде активно учество на Регионалниот настан за мерење на достигнувањата на агенциите кои се наоѓаaт на граничните премини. Тој се обрати како говорник на панелот “Управување со ризик на граничните премини” на кој ги презентираше искуствата на нашата земја со вршењето на инспекциски контроли на граничните премини врз основа на проценка на ризик.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од Република Северна Македонија во Руската Федерација

Официјално се укинува забраната од Русија за увоз на македонското коскесто овошје. Македонската цреша, сливите, праските и сличното овошје повторно ќе може да се најде на пазарот во најголемата држава во светот.

Share
Прочитај повеќе

Органско производство: 6.000 граѓани се занимаваат со ова

Во Србија пазарот за органска храна брзо се развива, и повеќе од 6.000 луѓе се занимаваат со оваа работа. 

Share
Прочитај повеќе

Пред ЕФСА презентирани проектите кои се реализираат со поддршка на ЕУ

На маргините на состанокот се одржa и колаборативна работилница на која националните фокални точки од секоја земја корисничка на средства од ИПА фондовите презентираа дел од проектите кои биле успешно спроведени со поддршка на алатките за финансирање на Европската унија, но во исто време ги презентира и проектите кои се во фаза на имплементација и идните проекти поврзани со проценката на ризик од областа на безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, заштитата на животната средина итн.

Share
Прочитај повеќе

Ако вложите во садење на боровинки, ќе заработите!

Една садница чини 3.5 евра, а на еден хектар се садат од 2.200 до 3.300 садници. Оние кои веќе засадиле боровница на два и пол хектари, месечно заработуваат по две солидни плати од неа.

Share
Прочитај повеќе