Анѓушев: Владата ќе ги обесштети лозарите, не го покрива долгот на винариите

-Не постои друг начин освен државата да им помогне преку Програмата за субвенционирање на земјоделските производи зашто ако не го направи тоа лозарите од Тиквешкиот регион, кои останале оштетени од овие постапки, не ќе можат да ги продолжат своите активности, односно не ќе можат наново да засадат површини или да ги одржуваат веќе засадените. На тој начин ќе го нарушиме целиот процес на нивно производство, бидејќи повеќе години не успеале да ги земат своите средства – потенцира Анѓушев.

Share
Прочитај повеќе

11-та Берлинска конференција на меѓународните министри за земјоделство

Министрите дискутираа за тоа како може да се примени дигитализацијата  за да се промовира економски оправдано, ресурсно-зачувано, и потрошувачки ориентирано земјоделството, преку искористување на потенцијалите за дигитализација на земјоделството, пристапот на фармерите до дигиталните технологии, подобрување на користењето на податоци и друго.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ континуирано работи на развој на овчарството, сет мерки се планирани и за следната година

Од следната година со Програмата за рурален развој за 2019 година планирано е зголемување на сумата за мерката „Набавка на приплоден добиток“, од постоечките 14 милиони денари на 60 милиони денари, а паралелно ќе се работи и на измени на Правилникот за оваа мерка со цел да биде подостапна за сточарите и да има поголема искористеност.

Share
Прочитај повеќе

АХВ потпиша договор за научно техничка соработка со италијанското министерство за здравство

Во исто време договорот ќе обезбеди административна и техничка поддршка на АХВ во процесот на унапредување на веќе воспоставените системи за контрола од областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, продлабочување и допрецизирање на соработката меѓу двете земји, со што ќе се придонесе за унапредување на научната и експертската соработка во областа на здравствената заштита на животните и безбедноста на храната.

Share
Прочитај повеќе

Во тек е вториот циклус обуки за пренесување на стекнатото знаење на меѓународните обуки

На обуките ќе се обработат теми кои се однесуваат на хигиена на храна при примарно производство, проценка на ризик, хигиена на храна и флексибилност и информации поврзани со храна.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: Да не се внесува храна од Бугарија, фармерите да не ги пуштаат свињите на паша

АХВ ги засили мерките за надзор и контрола на болеста „африканска свинска чума“ по добиената потврда на 31 август годинава дека оваа болест е присутна во селото Тутраканци во реонот на Варна, Бугарија. Донесено е и решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од регионот во Бугарија каде е потврдено присуство на болеста, со цел заштита од внесување на вирусот во Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Меѓународна министерска конференција “ Руралните подрачја и земјоделството како можност за млади луѓе”, во рамки на саемот АГРА 2018

Младите луѓе се нашето национално богатство со непроценлива вредност, особено кога станува збор за одржлив развој на руралните средини, а ако ги изгубиме, невозможно е да се очекува нивно враќање. Оваа конференција е од голема важност за размена на искуства и дискусија за предизвиците и новите можности за младите фармери, истакна министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Трошоците на живот со раст од 1,7 отсто

Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 13,1 отсто, цигарите за пет отсто, свежото и разладеното овошје за 2,3 отсто, замрзнатото овошје за 1,3  отсто, другите прехранбени производи за 0,7 отсто, месото за 0,6 отсто, алкохолните пијалаци за 0,5 отсто, сирењето и урдата за 0,4 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,3 отсто, рибата и морските плодови и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Се укинуваат ограничувањата на времето на продажба на алкохол

Нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои ќе се врши продажбата. Продажбата на алкохолните пијалоци ќе се дозволи и во киосците. Исто така со Предлогот на закон не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата. 

Share
Прочитај повеќе

full hd Monte Kristo Kontu izle Türkçe dublaj tanınmayan diziler 2016.

  full hd Monte Kristo Kontu izle Türkçe dublaj tanınmayan diziler 2016 Monte Kristo Kontu altyazılı ve Türkçe dublaj Count Of Monte Cristo İrlanda, ABD, İngiltere yapımı gelmiş geçmiş en eksiksiz filmlerden biri olan filmin imdb 7 dır. Monte Kristo Kontu, Alexandre Dumas’nın 1844 yılında tamamladığı tarihi-macera romanıdır. Edmond Dantes (Jim Caviezel) dürüst ve işgüzarlık […]

Share
Прочитај повеќе