Чистење на речните корита за безбедно земјоделско производство

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во Струмица на средба со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, со кој воедно и присуствуваа на чистењето на одводниот канал кај реката Тркања, во Струмица, акција која што се спроведува во целиот струмички регион, од страна на општина Струмица и подружницата на АД Водостопанство.

Одржувањето на чисти одводни канали и речни корита е од исклучителна важност за граѓаните, но и за одржување на плодни земјоделски површини.

Ваквите акции ќе помогнат во превенцијата од поплави, особено во овој регион.

МЗШВ активно соработува со сите општини и со АД Водостопанство, се со цел да се помогне во реализацијата на овие клучни активности во делот на чистењето на речните корита и одводните канали, и за да се обезбеди безбедно земјоделско производство .

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *