Црвената рибизла е летнa ризница на здравјето

Вести Овоштарство Совети

Црвената рибизла (лат. Ribes rubrum) е повеќегодишна грмушка која расте на подрачјето на Западна Европа. Таа му припаѓа на родот Saxifraga и е близок роднина на огроздот (Ribes uva-crispa). Таа е популарна киселкаста црвена бобинка во нашиот регион, која најчесто се користи за правење мармалади или сокови, а исто така е добредојдена и како салата во многу европски кујни.

Уште во минатото во 11-от век е забележано дека црвената рибизла се користела како драгоцена декорација на манастирските дворови и градски градини и како ценета намирница од која се подготвувала храна и природни лекови. И денес е позната по своите хранливи и лековити својства, кои не треба да ги занемарите доколку имате можност да уживате во ова вкусно сезонско овошје.

Состав и лековитост на црвена рибизла

Црвената рибизла содржи протеиди, јаболкова, лимонска и тартарилна киселина и гама-линоленска киселина. Таа е богата со калциум и фосфор. Изобилува со витамини од групата B (B1, B2, B3 и B6), C, A и K.

Црвената рибизла е одличен извор на антиоксиданти и минерали кои го подобруваат квалитетот на кожата и косата. Таа помага во детоксикација на телото, како и елиминирање на слободните радикали, со што се зголемува отпорноста на организмот кон болестите.

Таа содржи витамин Ц и железо, што помага негово подобро искористување и е одличен избор за секој кој се бори со анемија. Витаминот Ц, исто така, има антихистамински својства кои го намалуваат дејството на алергените, штитат од бактерии и вируси и ги олеснуваат проблемите со астмата.

Ги штити крвните садови и коските

Црвената рибизла содржи калиум кој е важен за здравјето на срцето и квалитетот на работата на целиот организам. Превенира хипертензијата, го намалува крвниот притисок и помага во намалување на ризикот од мозочен удар.

Содржи голема количина на витамин К, кој помага при здрава циркулација на крвта. Овој витамин исто така е одговорен за одржување на здрави коски бидејќи го регулира инкорпорирањето на калциумот во коските и затоа се препорачува кај остеопорозата.

Диуретик и дигестивен тоник

Без разлика дали се консумира свежа или во форма на сок или желе, црвената рибизла има одличен лаксативен ефект. Ако ја јадете само неколку дена по ред, ќе почувствувате дека проблемот со запекот исчезнува.

Поради содржината на влакна, неговата редовна консумација, ја стимулира функцијата на цревата и стомакот и желудникот и природно го забрзува варењето на храната. Нејзиното благо дејство го прави погоден и за луѓе кои страдаат од синдром на иритабилни црева.

Се користи како тоник за зголемување на апетитот и ако се јаде пред оброк, помага за подобро варење на храната. Црвената рибизла е позната како диуретик, бидејќи ја стимулира елиминацијата на уринарна киселина, што е корисно за луѓето кои страдаат од гихт или ревматски заболувања.

Кои делови од црвената рибизла се корисни за здравјето?

Семки

Семките внатре во плодот на црвената рибизла, содржат гама-линоленска киселина, која е корисна за намалување на покачен крвен притисок, болка и воспаление, ублажување на алергиските реакции и проблеми со кожата.

Семките е добро да се користат за ублажување на ПМС, алергии, напнатост и стрес, псоријаза и егзема. Доколку се користат како гел, исто така, покажуваат силна антиинфламаторна активност, особено во случај на ревматоиден артритис и остеоартритис.

Листови

Листови од црвената рибизла, се користат во форма на чај за лекување на проблеми со црниот дроб.

Корен

Коренот е ефикасен за проблеми со уринарниот тракт и е одлично средство за исфрлање на вишокот протеини од урината.

Бобинки

Изгмечени бобинките за надворешна употреба се користат како за лекови за повреди, посекотини и изгореници.

РЕЦЕПТИ

Вариво од свежи листови и корен

Ставете една рака од црвената рибизла во литар вода да вари неколку минути. Пијте 3 чаши дневно.

Купка за прочистување на крвта и квалитетно варење на храната

За побрзо варење на храната и чистење на крвта, издробете една рака рибизли, заедно со еден лист и едно парче корен во 1 литар вода. Направете по 1-2 купки за раце и нозе дневно, по 20 минути.

Маска од рибизла за хидратација на кожата

Изгмечете пола рака рибизли и измешајте ја ги со лажица мед. Нанесете ја смесата на вратот, лицето и деколтето и после 15 минути исплакнете. Користете ја еднаш неделно.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *