Порано, правило беше дека кокошките несат јајца, а петлите се користат за тов. Денес, оваа слика е значително променета, бидејќи јајцата и пилешкото месо биле многу поскапи, за разлика од сега.
Во светот петлите се вишок
Од интервјуто со научникот Ингма Тиман, раководител на истражувачкиот тим на институтот Бруно-Дуриген во Ромерскен, група која се занимава со раси на добиток на Институтот за одгледување на животни, Универзитет од Бон, од порталот “Дојче веле”, дознаваме дека само во Германија биле уништени околу 40 милиони тукушто испилени петлиња, бидејќи кокошките несат јајца, а петлите послабо добиваат на тежина, што ги прави економски непрофитабилни!
Овие петли, кои се изведени од глобалните приплодни компании, кои кога ги убиваат петлите, женските пилиња на специјалните фарми, кога ќе израснат во несилки, се дистрибуираат до други производствени капацитети.
Сите знаеме дека постојат кокошки за комбинирано производство, но во Германија и други развиени земји во светот, поради заработувачката, тие купуваат кокошки од овие веќе споменати “глобални приплодни компании”, за да можат да понудат евтини јајца. Причината е тоа што со вкрстување на видовите од најмалку четири производни линии, од кои од едната особено добро ја вари храната, од другата несат многу јајца, од третата се отпорна на болести, а од четвртата добро се однесуваат, во идеален случај се добива пиле со одлични способности – првенствено се однесува на растот, месото и јајцата.
Значи, се добиваат хибридни кокошки, кои што некои несат јајца и се здрави, но слабо се хранат итн. Ова го наведува фармерот кој сака да произведува евтина храна, а притоа да заработи, тој купува кокошки од такви компании, бидејќи тие имаат најмалку две добри својства од најмалку четири линии и со тоа доаѓа до занемарување на петлите.
Научниците се согласуваат дека фармерите повторно треба да имаат јато на кокошки што ќе пасат на пасишта и петли со добри квалитети што ќе ги оплодуваат. Значи, дури и ако станува збор за јато од бројлери, кога родителите достигнуваат 40-тата недела, оплодувањето и зачестеноста на парењето опаѓа, така што кокошките треба почесто да се парат за да го одржат истото ниво на оплодување на јајцата и затоа јатото на старите петли, мора да се замени со помлади, а старите петли со меснати крила треба да се колат за да се одржи плодноста на стадото и овој метод се нарекува ” спајкинг”.
Кога се зголемува возраста на стадото, неопходно е да се слуша советот на експерти од Универзитетот во Џорџија (САД) според кој, зголемувањето на старосната граница на стадото бара 7.5 до 8.5 петли на сто женки, при што се додават млади петли. Ова одржување на плодноста на јатото, најдобро е да се направи во текот на 40-тата до 45-тата недела, со додавање на 20 млади петлиња, што бара шкартирање и колење на старите петли.
Младите петли кои се додаваат, треба да бидат помеѓу 25 и 28 недели и да имаат тежина што е 20 пати поголема од тежината на женките. Кога петлите се вселуваат, за да не се зголеми односот од 10-12 кокошки по петел, што води до зголемена смртност на пилињата, мора да се направат посебни боксови и простории за чување на петлите и посебна грижа за нивната исхрана.
Совети:
Денешната наука го доведе живинарството, па и одгледувањето на пилињата до совршенство, ако гледаме дека пазарот ни дава многу пилешко месо, кое е многу евтино, што е особено евидентно на пазарите на развиените земји. За жал, месото од петел, кое е помасно и потврдо, не е толку барано како месото од кокошки, кое, покрај мекоста, дава и повеќе месо, особено од градите.
Иако петлите на големи фарми се одвојуваат и убиваат и не се носат на пазарот, тие мора да се одгледуваат и внимателно да се одвојат, како јатото би имало нормален морталитет и добра плодност. Затоа, секоја поголема фарма мора да има петли и да примени ” спајкинг ” според советите на експертите, како би се зголемила плодноста на јатото од 1 на 3, за само 5 до 10 недели. Овој ефект може да се одржува дури и подолго, ако петлите се здрави и млади, со способност да се прилагодуваат.
Значи, одгледувајте ги петлите, особено ако сакате да заработите пари од производство на пилешко месо.
„Современо Земјоделство“