Денес од 11 часот, Ипард инфо ден во Битола

Вести

За сите заинтересирани компании во руралните средини, за создавање на нови услови за вработување, достигнување на ЕУ стандардите, имплементирање на нови технологии и процеси, на 28 декември 2019 година отворен е јавен повик 02/2019 за мерка 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД фондовите одржува инфо денови  за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014-2020 со особено внимание на мерката 3.

Веќе успешно се реализирани инфо денови во Ранковце, Свети Николе, Струмица, Прилеп, Тетово, Кичево, Скопје.

Распоредот и програмата за инфо деновите  се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Денес, 23 јануари во Битола, 11 часот, во сала на Советот на општина Битола.

 

 

Остануваат уште:

Градско 24 јануари 2020 (петок) 11.00 мерка 3

Кочани 28 јануари 2020 (вторник) 11.00 мерка 3

Богданци 29 јануари 2020 (среда) 11.00 мерка 3

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *