Денеска на седница на Влада измена на програмата за финансиска поддршка на Рурален развој за 2020

Вести

Од Владата на Република Северна Македонија, информираат дека денеска, преку видео-конференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 17-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата е предвидено да бидат разгледани и повеќе предлог-закони од областа на социјалната заштита на предлог на Министерството за труд и социјална политика.

На денешната 17-та Владина седница, која е закажана со почеток во 12:00 часот, на дневен ред, меѓу другото за разгледување се и Предлогот за изменување и дополнување на Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2020 година, како и Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *