Стручни лица од Светската здравствена организација анализирале 41 режим на исхрана, па направиле листа на најдобрите диети.
Топ-листата е составена врз основа на неколку фактори, како што се ефективноста на диетата околу намалувањето на тежината, баланс, достапност на цените, ефекти врз крвниот и ендокриниот систем. Така, во првите три, се наоѓа флекситаријанството. Оваа диета вклучува растителни протеини, зеленчук и јаткасти плодови.
Флекситаријанството е всушност „флексибилно вегетаријанство“, при што месото не е така строго забрането, но се консумира многу ретко.
На второ место е диетата ДАШ, којашто првично била наменета за пациенти со хипертонија, оти ефикасно го намалува нивото холестерол. Диетата е слична на популарниот средоземноморски режим, бидејќи опфаќа консумација на повеќе овошје и зеленчук, млечни производи, бело месо, риба, зрнести и јаткасти плодови.
Овој режим на исхрана препорачува зрнести плодови, многу овошје и зеленчук, грав, боранија, но и по некоја чаша вино. Јаткастите плодoви, рибата и зејтинот обезбедуваат мононезаситени масти, коишто позитивно влијаат на холестеролот.