Димковски: Следува исплата на мерките од 400 денари за предадено јагне во регистрирани кланични капацитети како и за дополнителната мерка од 700 денари за оставено женско јагне

Вести Сточарство

Од почетокот на годинава се исплатени 85 милиони евра за субвенции, со што се исплатени сите основни мерки, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во денешната дебатна емисија „Топ тема“ на телевизија Телма.

„Нема кратење на буџетот за субвенции и тие се исплаќаат редовно. Денеска околу 110 милиони денари се префрлени за сервисирање на заостанати обврски и прво што ќе се исплати ќе биде дополнителната субвенција од 400 денари за предадено јагне во регистрирани кланични капацитети  како и за дополнителната мерка од 700 денари за оставено женско јагне во сточниот фонд“, додаде Димковски.

 

Тој нагласи дека поради намалениот извоз на јагне како последица од глобалната пандемија, вкупната финансиска поддршка за оставено женско јагне се зголеми на 2500 денари, што на некој начин значи субвенционирање на целата вредност на јагнето.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *