Доделени 16 решенија за финансиска поддршка за инвестиции во рибарство и аквакултура

Вести
Денеска директорот на АФПЗРР Никица Бачовски, заедно со министерот Љупчо Николовски го посетија рибникот Дошница во Демир Капија каде се сретнаа со успешните добитници на грантови за финансиска поддршка за инвестиции во рибарство и аквакултура.
Доделени беа 16 решенија за финансиска поддршка чија вкупна вредност е 33 милиони денари.
Корисници на оваа поддршка се регистрираните репроцентри за репродуктивен и порибителен материјал, концесионерите кои вршат стопански риболов како и субјекти регистрирани со дејност аквакултура како одгледувачи или преработувачи на риби.
Изградба на мандри, поставување на фотонапонски панели, товарни возила, инфраструктурни зафати, инкубатори, цистерни и опрема за преработка се дел од инвестициите кои ќе бидат ко – финансирани во висина од 50% – 65% од страна на Агенцијата.
Поддршката за рибарството и аквакултурата е уште еден механизам преку кој АФПЗРР ги стимулира соодветните корисници да инвестираат во домашното производство на риба и рибни преработки.
Рибникот Дошница, кој го посетија, е еден од долгогодишните корисници на поддршката од програмата за рибарство и аквакултура. Со капацитет од 150 тони годишно, од овој рибник излегуваат разни производи кои може да се најдат во македонските супермаркети и ресторани.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *