Дојранското езеро се порибува со крап

Вести

На плажата „Калдрма“ во Нов Дојран почна годинашното порибување на Дојранското езеро со пуштање на 1.750 килограми крап според одредбите од законот за рибарство и аквикултура со цел да се одржува и зголемува рибниот фонд во езерото кое некогаш беше регистрирано како едно од најпродуктивните езера во Европа.

Порибувањето се врши преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, а го изведува регистрираниот репроцентар „Акватика“ од Неготино чија обрврска е до крајот на октомври да произведе 12.000 парчиња крап со тежина од 200 до 500 грама со кои ќе се пориби езерото според утврдени активности и динамика на изведување.

Во годинашнава програма за финансиска подршка во рибарството и аквакултурата, Владата на РМ предвидува мерки и обезбедува финансиски средства за порибување на риболовни зони и подрачја како што е Дојранското езеро.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *