ЕК одвојува 1 милијарда евра за кредитирање на млади фармери

Вести Совети

Европската комисија (ЕК) и Европската инвестициона банка (ЕИБ) заеднички ќе финансираат 1 милијарда евра за млади земјоделци, соопшти прес-центарот на ЕК.

Програмата, целосно финансирана од ЕИБ, треба да биде поддржана од банките-учеснички во секоја земја-членка и со тоа потенцијалниот износ достигнува 2 милијарди евра.
Комисијата нагласува дека најмногу е загрижена за тоа како старее популацијата во агросекторот.

Во категоријата млади фармери, 11 отсто од вкупно 10,3 милиони земјоделци во 2016 година, според Еуростат (и 32 отсто над 65).

Главен проблем е да им се обезбеди пристап на младите фармери на долгорочни заеми со разумни каматни стапки, рече комесарот на ЕУ за земјоделство и рурален развој Фил Хоган.

Програмата ќе биде управувана на ниво на земја-членка од страна на банките и лизинг компаниите кои работат низ ЕУ. Покрај тоа, програмата ќе се осврне на многу од сегашните недостатоци со кои се соочуваат земјоделците:

• Пониски каматни стапки;
• Подолги периоди до 5 години за почеток на отплата на кредитот;
• Подолги периоди на отплата (до 15 години);
• Додадена е флексибилност, во зависност од условите, да се одговори на нестабилноста на цените во земјоделскиот сектор за да се осигури дека земјоделците продолжуваат да ги отплаќаат кредитите.

Според оваа шема, два пилот-заеми од 275 милиони евра ќе бидат воведени во Франција. Овие кредити се конкретно насочени кон млади фармери и ублажување на климатските промени.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *